Одамна се шпекулираше, а денес официјално беше потврдено од тимот на Вилијамс дека Валтери Ботас, кој досега беше тест возач, од 2013 година ќе го замени Бруно Сена. Уште еднаш се докажува дека во тимови со традиција, ако си го платиш своето возачко место, не значи и дека знаеш да возиш. Пастор Малдонадо останува другиот возач, што ќе му биде трета сезона со овој тим. Нема повеќе детали, како на пример за колку време се договорите на возачите, туку се зборува само за 2013 година.
Валтери Ботас:
"Oтсекогаш мојот животен сон беше еден ден да се натпреварувам во Формула Еден шампионатот. Исполнувањето на овој сон ми се овозможи преку еден од најлегендарните тимови во овој спорт. Тоа е неверојатно посебно чуство. Јас навистина уживав во моите три години поминати со Вилијамс досега и се чувствувам како дома, а мојата цел беше да напредувам кон тркачкото седиште. Со нетрпение го очекувам почетокот на мојата Формула 1 кариера и да уживам во многу успеси со Вилијамс."
ВАЛТЕРИ БОТАС ГО ЗАМЕНУВА БРУНО СЕНА ВО ВИЛИЈАМС
11/28/2012 01:16:00 PM
0
Tags
Share to other apps