Пирели за 2013 година ги промени соединенијата и конструкцијата на гумите. Следува подетално објаснување на слик гумите за суво време кои носат ознака P Zero и гумите за влажно време со ознака Cinturato Formula One:
СУПЕР-МЕКИ (Supersoft) Црвени
Супер-меките гуми беа единствените гуми кои минатата година останаа непроменети од 2011 година, но за 2013 година тие се произведуваат од комплетно нови помеки соединенија со цел да се зголеми нивната ефикасност и деградација. Оваа година, нивното загревање ќе биде побрзо, осигурувајќи веднаш тркачко темпо и оптимален грип. Овие гуми се совршено прилагодени за бавните и полни со кривини патеки, како што се Монако и Унгарија. Нивниот работен опсег е на пониски температури и тие се многу погодни за "помазен" асфалт.
МЕКИ (Soft) Жолти
Меките гуми според Пирели се нешто повеќе од половина секунда по круг побавни од супер-меките, но сепак се произведуваат од помеки соединенија отколку минатата година. Сепак, тие имаат работен опсег на високи температури, што ги прави погодни за исклучително широк спектар на услови, карактеристика поради која најверојатно тие ќе бидат најчесто користените гуми за новата сезона. Ова е гумата која има најголемо зголемување на работниот опсег во 2013 година.
Медиум (Medium) Бели
Медиум гумите имаат работен опсег на пониски температури, што ги прави идеален избор за патеки кои се помалку предивикувачки или имаат пониска амбиентална температура. Новите медиум гуми исто така се разликуваат од користените во минатата година, што ги прави околу 0.8 секунди по круг побрз од тврдите гуми.
ТВРДИ (Hard) Портокалови
Тврдите гуми се со најочигледна визуелна разлика во споредба со претходната година, бидејќи ја променуваат својата боја од сребрена во портокалова. Тие, исто така се многу помеки, со карактеристики поблиски до медиум гумите во 2012 сезоната. Нивниот работен опсег е целосно променет и е на многу повисоки температури, многу сличен на меките гуми. Овие гуми се идеални за најтешките и најжешки патеки.
ИНТЕРМЕДИА (Intermediate) Зелени
Интермедиа задните гуми се со различна конструкција, но шарата останува иста како и минатата година. Модификациите направени на задните гуми, ја подобрија уште повеќе една од најуспешните гуми на Пирели.
ГУМИ ЗА ДОЖД (Wet) Сини
Гумите за дожд, исто така, имаат придобивки од новата конструкција. Задните гуми се редизајнирани за да понудат уште поголем грип и намалување на пролизгувањето при излез од кривините. Тие ја задржаа способноста да исфрлаат 60 литри вода во секунда при максимална брзина. Карактеристиките на оваа гума сега се повнимателно хармонизирани со оние на интермедиа гумите.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.