Комплетниот сет на гуми за 2013 година
Денес, Пирели, официјалниот добавувач на гуми во Ф1, ја претстави својата нова палета на гуми за 2013 година, и тие ги опишуваат како производ на нивните напори за зголемување на популарноста на овој мотоспорт со повеќе пит-стопови и зголемување на претекнувањата.Гумите за суво и влажно време се комплетно ревидирани и направени со помеки соединенија, па така структурата на гумите е пофлексибилна, а рамото и страните на гумите се зајакнати со што ќе се зголеми топлинската деградација на истите. Благодарение на сето тоа Ф1 фановите би требало да очекуваат повеќе "несигурност" во новата сезона и најмалку два пит-стопа по трка.
Од Пирели истакнуваат дека разликата помеѓу различните компоненти треба да биде околу 0.6-0.8 секунди. Новите гуми ќе имаат подобар грип со што би се намалиле времиња за околу половина секунда по круг.
Визуелно, обележувањето на различните гуми останува исто како и минатата година, со исклучок на сликовите со тврдата компонента, кои за 2013 година, ќе бидат со јака портокалова боја, наместо досега користената сребрена. Секој болид ќе располага со 11 комплети на гуми за време на тркачкиот викенд, и тоа шест комплети со потврда и пет комплети со помеката компонента. Секоја гума има свој баркод, кој е "пасош" на гумата, овозможувајќи и на ФИА ефикасно следење на гумите кои се користат.