Серџо Перез се навикнува на прво место!!!
Серџо Перез го забележа најбрзото време на вториот ден од тестирањето на патеката Каталуња. Исто така, успеа да извози вкупно 97 круга во еден непроблематичен ден за Мекларен, за разлика од ривалите Ред Бул, Ферари и Лотус кои имаа доста проблематичен ден.
Серџо Перез беше најбрз во почетокот на попладневната сесија со меките гуми на Пирели, а поставеното време, 1:21.848, е најбрзо во овие два дена досега. За споредба, минатогодишното најбрзо време на меки гуми беше 1:22.312.Ред Бул и Себастијан Ветел не можеа да се навикнат на меките гуми на Пирели, кои како да не одговараат премногу на RB9. Кими Раиконен не успеа да извози колку што сака кругови, поради проблеми со менувачот, а Ферари и Фернандо Алонсо имаа проблеми со издувниот систем во попладневниот дел од денешната сесија.
Луис Хамилтон имаше продуктивен ден и заврши 121 круга со најдобро време од 1:22.726, што е речиси една секунда побавно време од Перез, но тој го постави своето време на тврдите гуми.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Серџо Перез Мекларен 1:21.848 97
2. Себастијан Ветел Ред Бул 1:22.197 0.349 84
3. Кими Раиконен Лотус 1:22.697 0.849 43
4. Луис Хамилтон Мерцедес AMG 1:22.726 0.878 121
5. Фернандо Алонсо Ферари 1:23.247 1.399 76
6. Валтери Ботас Вилијамс 1:23.561 1.713 98
7. Даниел Рикардо Торо Росо 1:23.718 1.870 70
8. Пол ди Реста Форс Индија 1:23.971 2.123 62
9. Нико Хулкенберг Заубер 1:24.205 2.357 88
10. Макс Чилтон Марусија 1:25.115 3.267 67
11. Чарлс Пик Катерам 1:26.243 4.395 102