За секој возач важна е и брза тимска работа во боксовите!!!
Фернандо Алонсо го забележа најбрзото време на третиот ден од втората тест сесија која се одвива на патеката Каталуња, близу Барселона, Шпанија. Времето го постави во утринскиот дел од тестот со меките гуми на Пирели. Шпанецот, пред паузата за ручек, излегуваше неколку пати на патеката со меките гуми на Пирели и секој пат го подобруваше времето за неколку десетинки во стинтови од по три круга - бавен,брз,бавен - за на крај да постави време за само 0.027 секунди побавно од досега најбрзото време поставено на вчерашниот ден од страна на Серџо Перез со Мекларен.Нико Хулкенберг беше втор најбрз со Заубер, време поставено исто така на меките гуми, но со 0.3с. заостанување зад Алонсо. Според него деградацијата на меките гуми е голема, но тоа важи за сите тимови. Поладнето својот фокус го од Заубер го префрлија на долги стинтови т.е. симулација на трка.
Роман Грожан со трето најбрзо време на неговиот прв ден во болидот на Лотус за оваа недела. Исто така и тој заврши целосна симулација на трка со E21 во попладневните часови. Французинот извозе вкупно 119 круга, повеќе од било кој друг тим денес. Најбрзото време го постави во утринските часови.
Нико Розберг го заврши својот четврти ден на тестирање на FW04 забележувајќи го четвртото најбрзо време денес во Каталуња, но со медиум гумите на Пирели. Комплетираше 108 круга, а од Мерцедес не се задоволни со однесувањето на гумите при поладно време.
Следуваат двајцата возачи на Вилијамс, кои имаа добар ден на патеката. Двајцата комплетираа по една симулација на трка. Од тимот се задоволни со издржливоста на FW35, кој денес комплетираше 147 круга, а 331 круга вкупно досега оваа недела.
Џенсон Батон со седмото најбрзо време со МП4-28. Болидот на Мекларен се однесува топло-ладно. Еден ден најбрзи, веќе другиот ден се борат да го разберат однесувањето на 2013 болидот и да извадат константни перформанси од него. И покрај одличното темпо на првата тест сесија во Херез пред две недели, Батон е загрижен за неговата ефикасност, која е многу променлива:
"Не можеме да разбереме на што сме, во еден момент се однесува добро, во друг момент како да е комплетно различен болид."
Во болидот на Форс Индија го видовме повратникот, Адријан Сутил, кој се обиде да ги импресионира членовите на тимот на Форс Индија, за слободното возачко место во овој тим, со Жил Бјанки како единствен конкурент. Времето ќе покаже кој од нив ќе го добие ова слободно место.
Марк Вебер го презеде RB9 од Себастијан Ветел и беше во можност да извози 108 круга. Од тимот се задоволни што се врати издржливоста на болидот, и се фокусираа на симулација на трка. Но, сепак постигнатото најбрзо време не е баш на нивото на Шампионски тим.
Тестирањето продолжува утре, а со тоа завршува оваа втора сезонска тест сесија. Според најавите на метеоролозите се очекуваат врнежи во текот на утрешниот ден, можност да се испробаат интермедиа и гумите за дожд на Пирели. Но, за тимовите, тоа ќе биде пропаднат ден.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Фернандо Алонсо Ферари 1:21.875 97
2. Нико Хулкенберг Заубер 1:22.160 0.285 91
3. Роман Грожан Лотус 1:22.188 0.313 119
4. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:22.611 0.736 107
5. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:22.675 0.800 79
6. Валтери Ботас Вилијамс 1:22:826 0.951 67
7. Џенсон Батон Мекларен 1:22.840 0.965 71
8. Адријан Сутил Форс Индија 1:22.877 1.002 78
9. Марк Вебер Ред Бул 1:23.024 1.149 108
10. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:23.366 1.491 106
11. Макс Чилтон Марусија 1:25.690 3.815 57
12. Гидо ван дер Гард Катерам 1:26.177 4.302 93