Како секогаш при влажна патека имаше многу инциденти/излетувања од патеката,но за среќа се помина без поголеми оштетувања на болидите. Еден од првите што излета од патеката беше Фелипе Маса по само два извозени круга, следуваа Гидо ван дер Гард со Катерам, Естебан Гутиерез од Заубер и Жан-Ерик Верн со болидот на Торо Росо и.т.н.
Ф1 тимовите остануваат во Барселона за последната сезонска тест сесија, која ќе се одржи следната недела, на истата патека, во период од 29 Февруари до 3 Март 2013 година.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:23.282 52
2. Џенсон Батон Мекларен 1:23.633 0.351 70
3. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:24.071 0.789 80
4. Естебан Гутиерез Заубер 1:25.239 1.957 61
5. Жил Бјанки Форс Индија 1:25.732 2.450 96
6. Гидо ван дер Гард Катерам 1:27.429 4.147 50
7. Фелипе Маса Ферари 1:27.563 4.281 80
8. Марк Вебер Ред Бул 1:27.616 4.334 64
9. Макс Чилтон Марусија 1:29.902 6.620 51
10. Роман Грожан Лотус 1:34.800 11.518 41
11. Валтери Ботас Вилијамс без време 23
12. Пастор Малдонадо Вилијамс без време 13