Кими Раиконен го забележа неговиот втор подиум финиш оваа сезоната со второто место на денешното Кинеско Гран При. И покрај "реновираниот" нос и предно крило по контактот со Серџо Перез, Кими по слабиот старт од првиот ред успеа да се врати во трката. Сеуште ја одржува низата од последователни пласмани во поени и го задржа второто место во шампионатот на возачите со 49 поени, три зад лидерот Себастијан Ветел. Неговиот тим, Лотус, падна едно место подолу на третата позиција во шампионатот на конструктори со 60 поени.
Кими Раиконен: "Второ место не беше она што го посакуваме, но во дадените околности тоа беше најдоброто што можевме да го направиме денес. Јас не сум 100% среќен затоа што не победив, но и второто место е добар резултат по лошиот старт и инцидентот со Перез. Беше доста тешко на патеката, па беше очигледно зошто болидите не се дизајнирани на овој начин (со скршен нос). Сепак, бев изненаден колку беше добар. Се разбира имав потешкотии со управувањето, кое не беше идеално, но ние едноставно мораше да се носиме со тоа, и имавме доста добра брзина."
2013 КИНА ГП: КИМИ НЕ Е 100% ЗАДОВОЛЕН СО ВТОРОТО МЕСТО
4/14/2013 07:01:00 PM
0
Share to other apps