Според официјалниот и единствен снабдувач со гуми во Формула 1 Шампионатот, најдобра стратегија за утрешната трка од 56 круга во Шангај се 3 застанувања во боксовите. Старт на меки гуми, промена на медиум помеѓу шестиот и деветиот круг, повторно медиум при 22-26 круг, и пак медиум при 39-43 круг.
Алтернативна стратегија би била да се започне на медиум гумите, потоа уште еден сет на медиум помеѓу 15-18 круг, па уште еден сет на медиум помеѓу 33-35 круг и на крај еден сет на меки гуми помеѓу 46-49 круг.
Стратегија од два пит-стопа е можна за тимовите кои ја имаат деградацијата на меките гуми под контрола. Сепак, ова може да ги остави болидите ранливи на тие со три застанувања зад себе, освен ако разликата во времиња по кругови остане константна и не почне да се намалува нагло.
НАЈДОБРИТЕ ВАРИЈАНТИ НА ПИРЕЛИ ЗА УПОТРЕБА НА ГУМИТЕ
4/13/2013 12:53:00 PM
0
Share to other apps