Себастијан Ветел верува дека се е можно иако ќе стартува од деветтата позиција на Кинеското ГП, откако во тимот на Ред Бул приоритет ставиле на стратегијата за трката, а не за квалификациите. Ветел се одлучи да не постави времето во последната сесија, за да може да избира на кои гуми ќе ја започне трката. Меките гуми се очекува да траат само шест или седум круга, па старт со потрајните медиум гуми може да понуди можност да се поминат болидите пред себе уште на почетокот на трката.
Себастијан Ветел: "Ние, очигледно сме на различни стратегии со болидите од предниот дел на стартниот поредок. Без разлика дали тоа е вистинската стратегија или не, што ќе видиме утре, јас сум убеден дека го направивме вистинскиот потег врз основа на фактите што ги имамвме. Тоа беше поинаков пристап од нормалниот во квалификациите денес и се се сведе на одлука во последните неколку минути за секого, сите беа резервирани и тогаш секој се реши да го започне својот круг во исто време, но тоа не беше проблем. Ја имаме предноста на изборот на гуми за утре, па ќе видиме."
Марк Вебер го имаше 14-тото најбрзо време, но подоцна беше казнет од стјуардите со исклучување од Квалификационата сесија, па ќе стартува последен, бидејќи неговиот болид не се врати во боксовите со сопствен погон и немаше доволно гориво за задолжителната мостра од 1 литар.
Марк Вебер: "Ова е многу разочарувачки. Q1 помина во ред, јас бев задоволен со болидот и имавме добар план за остатокот од квалификациите. Во Q2 изгубивме притисок на горивото, па морав да го изгаснам болидот и не можев да се вратам назад во боксот. Морав да запрам на патеката, па квалификациите за мене беа завршени уште пред да започнат во вистинската смисла на зборот. Сега ни треба среќа на наша страна, ова не е оптимална стартна позиција, но ние треба да се обидеме да добиеме најмногу што можеме."
РЕД БУЛ СЕ РАЗОЧАРУВАЊЕТО НА ДЕНОТ
4/13/2013 02:58:00 PM
0
Share to other apps