Иако традиционално развојниот период за нов Формула 1 дизајн е малку повеќе од дванаесет месеци, овој проект, кој се развивал под кодната ознака 665, го започнал својот живот пред повеќе од две години. 2014-та е исклучителна година во историјата на спортот, со многу промени кои бараа ран почеток на проектот, за да се посвети внимание на секој аспект на дизајн на болидот. Во текот на 2012 година, инженерите на Ферари мораа да се справат со големиот предизвик на водење на три проекти истовремено, но за среќа Ферари беше во можност да собере повеќе талентирани и искусни инженери за водење на 2014 проектот во раните фази.
ШАСИЈА
Фановите на Ферари ќе бидат во можност да видат дел од историјата од претходните болиди на вклопени во F14 Т, а нај-очигледно е задржувањето на pull-rod амортизацијата на предните и задните тркала. Сепак, настрана од овие површни сличности, се друго на новиот болид многу малку може да се поврзе со своите претходници. Однадвор, болидот е многу различен од болидите во последните години, поради измените на прописите за намалување на шасијата и носот, во интерес на безбедноста на возачите. Задно крило е изменето по новите прописи, како и предното крило кое е по 75мм потесно од двете страни со цел да се направат болидите што помалку подложни на судири со други болиди и со бариерите. Овие промени имаат големо влијание врз аеродинамиката на возилото.
ИНТЕГРАЦИЈА
Надворешните разлики на новиот болид не се најголеми, тоа се промените под каросеријата на болидот. Новиот болид има сосема различни барања за ладење од било кој од неговите претходници. Радијаторите за ладење на моторното масло и вода се намалени во големина, за да одговараат на релативно помалите V6-ки со внатрешно согорување, кои се само еден дел од годинешните погонски единици. Најголемиот предизвик беше интеграцијата на интеркулерот за турбо-компресорот и ладењето на компонентите на ERS-системот, кој сега има повеќекратно поголема моќност од својот претходник КЕРС-системот. Со оглед на тоа што повеќе ладење овозможува повеќе коњски сили, но повеќе ладење, исто така, штети на downforce-от, целта било да се направи разумен компромис меѓу нивото на целокупното ладење во болдиот и неговиот downforce. Ова е една од клучните области каде што инженерите на Ферари имаа предност, бидејќи сите овие делови се произведуваат од нивна страна. Како ќе се покаже на дело ќе видиме веќе на 28 Јануари во Херез.
КОЧНИЦИ
Системот за сопирање е комплетно редизајниран да се прилагоди на новиот болид со промената на правилата. Обезбеден е поголем поголем капацитет на предната оска, додека на задната оска е намален, поради моторното споирање кое ќе се испорачува од страна на ЕРС-от.
ПРЕНОС
2014 погонските единици произведуваат поголема моќност, отколку нивните 2013 претодници, и тоа на пониски вртежи со поголем вртежен момент. Подесувањето на преносот на оваа моќност треба да остварува со само 8 комбинации за сите трки во сезоната. Преносот е дизајниран со цел да се обезбеди добри стартови и високо ниво на издржливост.
ТЕЖИНА И ГУМИ
Поради огромната сложеност на 2014 прописите било значително потешко да се испочитува лимитот за тежина на болидот од 691 кг, отколку во претходните години. Контролата на тежината бил важен дел од проектот од самиот почеток со цел да се испорача болид кој ќе овозможи функционално подесување на тежината за секоја патека од календарот. Подеднакво важно ќе биде и интеграцијата на болидот со новите гуми на Пирели, кои се воведуваат за прв пат оваа година. Способноста на F14 Т да се приспособи на нивните карактеристики ќе биде еден од основните услови за да се постигнат саканите резултати.
ФЕРНАНДО АЛОНСО ЗА НОВИОТ БОЛИД
ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
- Chassis in carbon-fibre and honeycomb composite structure
- Ferrari longitudinal gearbox
- Servo controlled hydraulic limited-slip differential
- Semiautomatic sequential and electronically controlled gearbox with quick shift
- Number of gears………………………….8 +Reverse
- Brembo ventilated carbon-fibre disc brakes (front and rear) and brake by wire rear brakes
- Independent suspension, pull-rod activated torsion springs front and rear
- Weight with water, lubricant and driver……………691 kg
- OZ Wheels (front and rear)………..13″
ENGINE | |
Displacement | 1600 cc |
Max revs | 15’000 |
Turbo charging | Single turbo |
Fuel flow | 100 kg/hr max |
Fuel capacity | 100 kg |
Configuaration | V6 90° |
Cylinders | 6 |
Bore | 80 mm |
Stroke | 53 mm |
Valves | 4 per cylinder |
Injection | 500 bar – direct |
Units per driver | 5 |
ERS SYSTEM | |
Battery Energy (per lap) | 4 Mj |
MGU-K power | 120 kW |
MGU-K max revs | 50’000 rpm |
MGU-H max revs | 125’000 rpm |