


Ред Бул уживаа во надмоќноста во последниве години, кога освоија четири Титули во возачи и конструктори. Сега играта е променета, и поради новите прописи, RB10 има малку заедничко со неговите претходници. Како и неколку други ривалски тимови, вклучувајќи го и нивниот втор тим, Торо Росо, дизајнерски тим предводен од Адријан Њуи го прифати мравојад носот за новиот болид. Себастијан Ветел повторно ќе биде лидер на тимот, но тој ќе има нов тимски колега, Даниел Рикиардо, кој го замени Марк Вебер.
Зборувајќи за новите технички прописи, Њуи вели: "Новите погонски единици се голем предизвик. Тие се многу комплицирани, за да се вклопат во една целина. Без сомнение, тоа е најголемата промена што се случила со историјата на Ф1. Нашата работа е да го конструираме болидот на најдобриот можен начин. Предното крило завршува на најлошото можно место пред тркалата. Носевите се грди и тромави. Многумина нема да може да се навикнат на овие носеви."