Торо Росо STR9 e третиот болид кој беше официјално презентиран, но првиот што го видовме во реалност, на настан организиран од страна на нивниот спонзор CEPSA. Сите други постојат само на фотографии.
STR9 го има имплементирано мравојад носот и годинава од Ферари преминаа на Рено погонска единица.
Најинтересните детали од STR9 се во задниот дел на болидот. Задното крило се држи на страничните плочи, кои се директно поврзани со подот. На средината немаат централен држач, како кај останатите болиди, туку има само дополнителни помало во димензии крило, кое потсетува на претходните елементи на задното крило. Инженерите се обидуваат со сите средства да ги добијат назад претходните ниво на downforce-от од претходните сезони.
Болидот ќе го има своето официјално деби на патеките утре, во Херез, со Жан-Ерик Верн зад воланот. Дањил Квјат ќе го преземе воланот во среда.
Франц Тост: "Во 2012 година, го започнавме проектот за STR9, најрано што некогаш сме започнале работа на нов болид. Како што одминуваше времето, се повеќе и повеќе од нашите вработени беа вклучени во проектот, во кој што инвестиравме многу напор и ресурси, технички и финансиски. Во 2014 сезоната, клучните параметри за успех ќе бидат, изнаоѓање на најдобриот баланс помеѓу имплементирање на моќта на моторот и управување со ограниченото гориво за една трка, употребата на двата системи за обновување на енергијата и, исто како и во минатото, гумите. Освен новите правила, ние мораше да се прилагодиме и на новиот наш партнер - Рено. Со сите овие промени, некои кои влијаат на сите, другите кои се специфични за Торо Росо, навистина е тешко да се постават цели или прават предвидувања. Сепак, јасно е дека мораме да ги подобриме нашите перформанси и да се направи чекор напред."
2014 БОЛИДИ: ТОРО РОСО ГО ПРЕЗЕНТИРАШЕ STR9 - ЧЕКОР НАПРЕД СО РЕНО
1/27/2014 11:45:00 PM
Share to other apps