Тимот на Вилијамс го има типичниот нос за годинешните болиди!!! Очекувајте речиси сите 2014 болиди да имаат сличен нос - мравојад
Пат Сајмондс, еден од најодговорните луѓе за дизајнот, изјави:
" Оваа година болидот има многу повеќе технологија. Имавме турбо мотори во Ф1 претходно, но она што е различно е што сега имаме многу повеќе од само промена на моторот, тоа е сосема поинаков систем. Ние отидовме еден чекор понапред од хибридни атмосферски мотори кон целосно интегрирана хибридна погонска единица со историска технологија во своето срце."
Да одговори на предизвиците на новата погонска единица, Вилијамс минатата сезона потпиша договор со Мерцедес-Бенц. Тимот ги доби првите компјутерски податоци за нивната 2014 погонска единица на крајот на мај, кога деталениот дизајн на FW36 започнат да се финализира.
"Ова е прв пат, Вилијамс да соработува со Мерцедес во Формула 1 и ние сме многу импресионирани.",вели Сајмондс. "Нивниот професионализам и посветеност веднаш беа забележливи и ние бевме сигурни дека ќе добиеме погонска единица со која ќе бидеме конкурентни."Фазата на дизајнирање на FW36 беше заврешна до средината на септември, до кога тимот пронајде решенија за главните предизвици кои произлегоа со новите прописи. Ладењето, тежината, нов менувач и аеродинамички промени, се само некои од областите на кои се фокусиравме.
"Оваа година, болидите ќе имаат потреба од повеќе ладење.", вели Сајмондс. "Потребата за ладење на водата и маслото ќе биде малку намалена, но ЕРС-системот е значително помоќен и оттаму ќе му треба повеќе ладење. Исто така, мора да се излади компресорот од турбополначот кој бара значителен интеркулер."Менувачот за FW36 за прв пат бил испробан на почетокот на ноември, за неколку недели подоцна да биде тестиран заедно со погонската единица. Тоа е првиот осум-брзински менувач во историјата Вилијамс.
"Ние го комплетиравме менувачот релативно рано. Помина многу тестови на симулаторот на Мерцедес во Бриксворт, но тоа е сосема нов менувач, кој мора да се справи со многу поголем вртежен момент отколку што тоа беше случај со V8-те"Тежината на болидот, комбинирана со построгитe crash тестови на ФИА, беа уште еден предизвик од 2014 правилата. Но, FW36 беше еден од првите болиди кои ги помина овие тестови уште пред Божиќ.
"Конструкцијата на новиот болид помина неверојатно лесно. Но, беше предизвик да се добие болид со тежина во границите на дозволеното. Тоа се оствари, но не беше така лесна задача, бидејќи новата погонска единица е потешка од досегашните V8-ки".Аеродинамичниот пакет, кој се гледа на сликите бил финализиран во првата недела од декември, а се очекува надградба на овој пакет за првата трка во Австралија, кој започнал да се конструира на почетокот на јануари.
"Формула 1 се уште ќе биде аеродинамична Формула во 2014 година.", вели Сајмондс . "Постојат некои значајни промени, носот е понизок од минатата година, а предното крило е потесно. Задното крило не е толку длабоко како во минатата сезона и малите крилца под него веќе не се дозволени. Исто така, повеќе не може да се користат издувните гасови за подобрување на Аеро перформансите."Тест сесијата закажана за следната недела ќе покаже дали дизајнерските решенија на тимот ќе се покажат на дело на патеката, но Сајмондс е убеден дека Вилијамс има направено доволно за да се напредуваат по разочарувачката 2013 сезона.
"Убеден сум дека ќе бидеме поблиску до врвот, отколку што бевме минатата година. Нашата амбиција за оваа година е да се има силна 2014 сезона."
ВИЛИЈАМС-МЕРЦЕДЕС FW36 - ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
Chassis construction - Monocoque construction laminated from carbon epoxy and honeycomb surpassing FIA impact and strength requirements.
Front suspension - Double wishbone, push-rod activated springs and anti-roll bar.
Rear suspension - Double wishbone, pull-rod activated springs and anti-roll bar.
Transmission - Williams eight speed seamless sequential semi-automatic shift plus reverse gear, gear selection electro-hydraulically actuated.
Clutch - Carbon multi-plate Dampers Williams.
Wheels - RAYS forged magnesium.
Tyres - Pirelli, Fronts: 245/660-13, Rears: 325/660-13.
Brake system - AP 6 piston front and 4 piston rear calipers with carbon discs and pads.
Steering - Williams power assisted rack and pinion.
Fuel system - ATL Kevlar-reinforced rubber bladder.
Electronic systems - FIA SECU standard electronic control unit.
Cooling system - Aluminium oil, water and gearbox radiators Cockpit - Six point driver safety harness with 75mm shoulder straps & HANS system, removable anatomically formed carbon fibre seat..
Engine - Mercedes-Benz PU106A Hybrid, Internal Combustion Engine: Capacity 1.6 litres, Cylinders Six, Bank angle 90, No of valves 24, Max rpm ICE 15,000rpm, Max fuel flow rate 100 kg/hour (above 10,500rpm).
Fuel injection - High-pressure direct injection (max 500 bar, one injector/cylinder), Pressure charging Single-stage compressor and exhaust turbine on a common shaft, Max rpm exhaust turbine 125,000 rpm.
ERS - Mercedes AMG HPP
Dimensions & weight
Weight: FIA Minimum,
Overall length: 5000mm
Overall height: 950mm
Overall width: 1800mm