Виџај Малја вели:
"Новиот VJM07 изгледа зачудувачки и новиот "дрес" го одразува начинот на кој Сахара Форс Индија се развива. Јас отсекогаш сум верувал дека нашите болиди се најпримамливи, но овојпат додавајќи ја црната како главна боја ни дава жесток нов изглед. Кога го основав тимот, мојата прва амбиција беше да го имаме првиот индиски Ф1 тим, но во следната фаза на нашата еволуција е да се развие глобален бренд. Мислам дека таа амбиција се рефлектира преку нашите нови партнери и нашата врвна возачка постава. Чуствувам дека имаме потенцијал за 2014 сезоната да биде наша најсилна сезона досега."
"Заедно со новите бои, промените под хаубата на VJM07 се многу посеопфатни, што се должи на новите технички прописи. Тие претставуваат огромен предизвик, но јас сум многу горд на пристап и насоката на развој што ја превзеде нашиот технички тим. Ќе биде интересно да се види како различни тимови ги толкуваат правилата и во оваа фаза е невозможно да се предвиди кој ја има направено најдобрата работа."Клучот за новиот изглед е воведувањето на неколку нови комерцијални партнери. Логото на телекомуникацискиот бренд, Claro , се појавува на покривката на моторот и го означува почетокот на повеќе-годишниот договор со познатиот мексикански бренд. Нивното лого ќе биде истакнато и на комплетната тимска облека. На задното крило на двете странични плочи се појавува логото на Roshfrans, исто така Мексиканска компанија специјализирана за лубриканти и моторни масла, нов повеќе-годишен партнер на тимот. Новиот изглед, исто така, го има логото на Astana, фондација која поддржува спортски иницијативи за промоција на главниот град на Казахстан. нивното лого е поставено странично на носот на VJM07.
Технички директор, Ендрју Грин, истакна колку различен е VJM07 во споредба со неговиот претходник:
"Речиси секој дел е со нов дизајн, од предното крило напред, до дифузор на задниот дел на болидот. Генетиката на VJM07 е од 2013 болидот, но ние моравме да ги постигнеме истите резултати на малку поинаков начин. Сместувањето на ЕРС системот беше нашиот најголем предизвик, тоа е најголемата промена од кога сум јас во спортот, а започнав во 1990 година. Исто така, ладењето е голем предизвик, а повеќето од минатото лето се обидувавме да ги разбере потребите на новата погонска единица, и како тоа најдобро да се оптимизира во шасијата."