Мерцедес АМГ започнува нова ера на владеење во Формула 1!!!
Луис Хамилтон го забележа најбрзото време и на втората тренинг сесија во Барселона. Тој беше 0,449 секунди побрз од својот тимски колега со второто најбрзо време на денот, потврдувајќи ја недостижната форма на Мерцедес АМГ за останатите Ф1 тимови, од кои најбрлискиот Даниел Рикиардо со Ред Бул заостанува една секунда. Минатите сезони имавме доминација на Ред Бул, но ова не беше било, нема ни минимални шанси за некој да ги победи болидите на Мерцедес АМГ. Ако продолжат со ова темпо ќе имаат сигурни 19 победи во оваа 2014 сезона.
Надежите за подобрување на останатите Ф1 тимови остануваат само неисполнета желба на фановите, кои се желни за добри трки. Останува да се надеваме дека ќе гледаме барем добра борба помеѓу двата возачи на сребрените стрели, но и тука почнува да се покажува класата на Луис Хамилтон, кој со секоја трка се навикнува на својот болид и има се подобри и подобри перформанси со W05 Hybrid. Да, од оваа трка Мерцедес АМГ тоа е официјалното име на новиот 2014 болид.
Ред Бул кога нема проблеми со ПЕ на Рено се издвојува како втор најбрз тим во поредокот, пред повеќе Ф1 тимови кои се тука некаде, а Ферари можеби малку е пред Вилијамс, Мекларен, Форс Индија, Торо Росо. Лотус Ф1 е сеуште непознаница и на моменти покажуваат добри времиња, а најголем проблем и на нив им е Рено ПЕ.
Заубер, Катерам, Марусија немаат поголеми шанси за освојување на некој бод и ќе се борат за избегнување на последните позиции на секоја трка. Количината на гориво во болидите има голем ефект врз времиња во Барселона, што можеби ни ги објаснува големите разлики и варијации на денешните тренинзи. Според Пирели, секои 10 килограми на гориво претставуваат добивка од 0.350 десетинки по круг.
Утрешниот слободен трениг започнува во 11:00, а потоа следуваат Квалификациите во 14:00 часот, а директниот пренос може да го гледате на Македонската Телевизија и Спорт Клуб 1.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:25.524 33
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:25.973 + 0.449 36
3. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:26.509 + 0.985 38
4. Фернандо Алонсо Ферари 1:27.121 + 1.597 33
5. Кими Раиконен Ферари 1:27.296 + 1.772 33
6. Кевин Магнусен Мекларен 1:27.788 + 2.264 37
7. Џенсон Батон Мекларен 1:27.811 + 2.287 29
8. Фелипе Маса Вилијамс 1:27.824 + 2.300 31
9. Пастор Малдонадо Лотус 1:27.866 + 2.342 42
10. Дањил Квјат Торо Росо 1:28.049 + 2.525 35
11. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:28.074 + 2.550 31
12. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:28.246 + 2.722 30
13. Адријан Сутил Заубер 1:28.284 + 2.760 33
14. Валтери Ботас Вилијамс 1:28.698 + 3.174 33
15. Естебан Гутиерес Заубер 1:29.105 + 3.581 24
16. Серџо Перез Форс Индија 1:29.129 + 3.605 34
17. Роман Грожан Лотус 1:29.463 + 3.939 26
18. Жил Бјанки Марусија 1:29.991 + 4.467 26
19. Макс Чилтон Марусија 1:31.148 + 5.624 28
20. Камуи Кобајаши Катерам 1:31.338 + 5.814 38
21. Маркус Ериксон Катерам 1:31.586 + 6.062 39
22. Себастијан Ветел Ред Бул без поставено време