МЕРЦЕДЕС АМГ СИМБОЛИЧНО ГО КАЗНИ НИКО РОЗБЕРГ, БИТКАТА ПРОДОЛЖУВА СО ЕДНА ТИМСКА НАРЕДБА.
8/29/2014 06:50:00 PM
0
Денес во Беркли, седиштето на Мерцедес АМГ Петронас, Тото Волф, Педи Лоу, Нико Розберг и Луис Хамилтон разговарале за настаните од Белгиското ГП. За време на оваа средба, Нико ја признал својата одговорност за контактот што се случи во вториот круг на Белгиското ГП и се извини за својата грешна проценка.
Тимот презел соодветни дисциплински мерки за инцидентот. Германецот најверојатно заработи одредена парична казна. На двајцата возачи им е кажано дека било каков контакт во иднина нема да се толерира, а тоа е единствената тимска наредба која мора да се се почитува во целост. Значи, борбата помеѓу двата болиди на Мерцедес на патеката веќе нема да биде ни малку интересна, бидејќи ќе се чуваат еден од друг на безбедно растојание и без преземање на никаков ризик.
""Мерцедес-Бенц останува посветен на фер тркање, бидејќи тоа е вистинскиот начин да се освои Титулата Светски Шампион во Формула 1. Тоа е добро за тимот, за навивачите и за Формула 1. Луис и Нико го разбираат и прифаќаат Правилото Бр.1 на тимот: Не смее да има контакт помеѓу болидите на тимот на патеката. Јасно им е ставено на знаење дека уште еден ваков инцидент нема да се толерира. Но, Нико и Луис се наши возачи и ние веруваме во нив. Тие и понатаму остануваат слободни да се тркаат за 2014 Формула 1 Шампионатот".
Веднаш по состанокот со свои изјави излегоа и двајцата возачи, додека Нико го повторни истото од тимското соопштение, Луис Хамилтон вели дека не може да покажуваме кон прст само кон еден возач, дека двајцата грешеле во одредени моменти, така да тој би можел да продолжи да соработува со Нико Розберг.
"Постои длабока основа меѓу мене и Нико од која може да соработуваме, и покрај нашите тешки времиња и разлики. Имаме голем тим, и најсилна група на поединци кои работат напорно за да ни го обезбедат најдобриот болид на денешницата. Важно е ние никогаш да не го заборавиме тоа и да ги испорачаме резултатите што ги заслужуваат."
Иако Розберг се извини за својата погрешна процена за инцидентот на Белгиското ГП, Хамилтон, исто така, јасно стави до знаење дека неговиот германски колега не треба да ја преземе целосната вина за тоа што се случи.
"Јас и Нико прифаќаме дека и двајцата правевме грешки и сметам дека би било погрешно да се покажува со прст кон едниот и да се каже кој е полош од другиот. Она што е важно е како да се издигнеме како тим од овие ситуации. Победуваме и губиме заедно, како тим, а од тоа ние ќе излеземе посилни".
Share to other apps