FORCE INDIA VJM08 - ЕВОЛУЦИЈА НА СОВРЕМЕНИОТ ИЗГЛЕД
1/23/2015 11:15:00 AM
0
Форс Индија ја започна 2015 сезоната со промоцијата за тоа како VJM08 ќе изгледа кога ќе го има своето деби следниот месец. Настанот се одржа во музејот Soumaya во Мексико Сити, каде Серџо Перез и Нико Хулкенберг ја тргнаа покривката за да го видиме новиот изглед на болидот за 2015 година.
Болид се одликува со комбинација на сребрена и црна боја со примеси на традиционалните бои на тимот, т.е. портокалова од носот, па се до задниот дел на болидот во две симетрични криви. Ф1 фановите веднаш забележаа дека дизајнот е сличен на Меклареновиот болид. Зелената е застапена во мали количини на страничните делови на задното крило.
Воведување на потемни бои е како последица на тоа што се сакало да бидат што повоочливи спонзорите на овој тим, а сребрената треба да даде агресивен изглед на болидот. Тимот има неколку нови трговски партнери за 2015 година, меѓу кои и NEC, чие лого се најде на највисокото место на капакот од моторот. Исто така, тука се наоѓаат логоата на телекомуникациските брендови Claro и Telcel од America Movil корпорацијата.
Со мексикански возач секако дека прилега и брендирање со националниот пијалок на оваа земја текилата, па на болидот го имаме и логото на Jose Cuervo, еден од водечките производители на овој алкохолен пијалок. Логото на водечката осигурителна компанија во Латинска Америка, Inter, се појавува на предното крило, додека на задното крило се наоѓа логото на Quaker State, компанија за моторни масла.
Да не се пие само текила, се погрижи Смирнов, кои втора сезонаостануваат партнери, исто како и United Spirits, Kingfisher and Royal Challenge.
Д-р Виџај Малја, тимскит шеф, прв го пофали новиот изглед: "Тоа преставува еволуција на современиот изглед кој се воведе минатата година, што се одразува на развојот на тимот и глобалните брендови со кои ние работиме. Додавањето на сребрената боја го направи болидот поелегантен и поагресивен и сигурен сум дека тоа е вистинското нешто, кое ќе им се допадне на фановите. Тука се и нашите традиционални тимски бои кои остануваат интегрирани, но со една нова модерна појава."
Со релативно стабилните технички прописи, VJM08, повеќе е дизајниран како еволуција, отколку револуција при дизајнирањето. Најзначајни промени секако се во предниот дел на болидот, со неговото спуштање и новиот нос.
Ендрју Грин, техничкиот директор, објаснува: "Предниот дел на болдиот е сосема поинаков од минатата година. Тој е редизајниран да се вклопи со новите прописи, кои предизвикаа загуба во однос на потисната сила, па ние работевме напорно во текот на зимата, да ги добиеме назад сите перформанси кои се изгубија со тоа. На VJM08 има неколку суптилни промени, вклучувајќи ги изменетите странични делови и редизајнирани отвори за ладење."
"Од она што нема да може да се забележи е сосема новата задна суспензија со хидро-механички систем на работа, кој го замени на торзиониот кој претходно го користевме. VJM08 ќе го има своето деби на втората пред сезонска тест сесијата во Барселона, а на првата во Херез ќе тестираме со VJM07. Тоа е резултат на тоа што мислиме дека ќе добиеме многу повеќе ако тестираме во воздушниот тунел и работиме на подобрување на аеродинамиката на новиот болид."
Share to other apps