Ако помисливте дека штом Кими е во најбрзите тројца, тогаш нешто се случило со болидот на Ветел, секако сте во право. Германецот е на последното место од табелата, а Ферари ПЕ на неговиот болид ја изгуби својата моќност во раните фази на сесијата. Нејзината поправка се покажа како комплицирана задача, и се уште се наоѓа во рацете на механичарите на Италијанскиот тим. Лоша вест за нив би била ако треба да се менува некој дел од моторот или менувачот, кој би донел казна и старт од пониска позиција на неделната трка.
Барајќи нешто поразлично од досега одржаните тренинг сесии во тековниот календар, тоа се изненадувачките перформанси на болидите на Вилијамс. Двата возачи никогаш не биле толку блиску до врвот на првите тренинг сесии, а својата сила ја покажуваа на саботниот тренинг и Квалификациите. Ако и на оваа трка се доследни на својата подготвителна програма, тогаш би требало да очекуваме дека навистина ќе бидат многу сериозен конкурент на Ферари за место на подиумот.
Добар настап на овој тренинг и за тимот на Ред Бул, а домашната патека како да им дава мотивација да ги извлечат и последните атом и на сила од своите болиди. Најбрзите времиња беа доволни за 6-тото и 7-то најбрзо време, и тоа Дањил Квјат пред Даниел Рикирадо. За разлика од нив проблемите на Мекларен никако да завршат, ги имаше премногу, па дури не успеаа да го испробаат новиот скратен нос.
Вториот слободен тренинг кој треба да ни донесе многу порелевантни времиња како показател за перформансите на болидите ќе започне во 14:00 часот.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:10.401 36
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:10.709 + 0.308 28
3. Кими Раиконен Ферари 1:11.028 + 0.627 22
4. Валтери Ботас Вилијамс 1:11.452 + 1.051 26
5. Фелипе Наср Заубер 1:11.633 + 1.232 28
6. Дањил Квјат Ред Бул 1:11.642 + 1.241 31
7. Даниел Рикардо Ред Бул 1:11.724 + 1.323 29
8. Макс Ферстапен Торо Росо 1:11.825 + 1.424 38
9. Фелипе Маса Вилијамс 1:11.890 + 1.489 29
10. Серџо Перез Форс Индија 1:11.905 + 1.504 37
11. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:11.948 + 1.547 32
12. Пастор Малдонадо Лотус 1:12.004 + 1.603 34
13. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:12.031 + 1.630 36
14. Џолион Палмер Лотус 1:12.050 + 1.649 27
15. Маркус Ериксон Заубер 1:12.159 + 1.758 30
16. Џенсон Батон Мекларен 1:12.920 + 2.519 30
17. Фернандо Алонсо Мекларен 1:13.272 + 2.871 10
18. Вил Стивенс Манор 1:13.937 + 3.536 29
19. Роберто Мери Манор 1:15.459 + 5.058 11
20. Себастијан Ветел Ферари 1:15.684 + 5.283 4
* 2014: Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:11.295