"По 25 години поминати во мотоспортот, мојот сон беше еден, да станам шампион во Формула Еден. Преку напорна работа, болка, жртвување, тоа беше мојата цел. И сега успеав во својата намера. Јас се искачив на врвот од мојата планина, јас сум на врвот, така што чувствувам дека го правам вистинското нешто. Моите емоции во моментов искажуваат длабока благодарност на сите кои ме поддржуваа да го остварам тој сон."
"Оваа сезона, ви велам, беше толку проклето тешка. Јас форсирав како луд, во секоја област по разочарувањата во последните две години, тие ја разгореа мојата мотивација на нивоа што јас никогаш порано не сум ги доживеал. И, се разбира тоа имаше влијание врз оние што ги сакам најмногу, премногу. Целото мое семејство се жртвуваше за да се оствари нашата цел. Не можам да најдам доволно зборови, за да и се заблагодарам на мојата сопруга Вивијан, таа е неверојатна. Таа сфати дека оваа година беше посебна, нашата можност да го направиме тоа, и создаде простор за мене да се одмарам помеѓу секоја трка, грижејќи се за нашата ќерка секоја вечер, преземајќи ги сите работи кога титулата ми беше во прв план."
"Кога победив на трката во Сузука, од моментот кога судбината на титулата беше во мои раце, започна огромнит притисок и почнав да размислувам за ставање крај на мојата тркачка кариера ако станам Ф1 Шампион. Во неделата наутро, во Абу Даби, знаев дека тоа би можело да биде мојата последна трка и тоа чувство ги расчисти мислите во мојата глава пред стартот. Сакав да уживам во секој дел од тоа искуство, знаејќи дека тоа би можело да биде последен пат... и тогаш се угасија црвените светла и ги имав најинтензивните 55 круга во мојот живот. Конечната одлука ја донесов во понеделникот навечер. Првите луѓе на кои им кажав беа Вивијан и Георг(Нолти, од менаџерскиот тим на Нико), па потоа Тото."
"Единственото нешто што ја направи оваа одлука тешка за мене, е фактот што го ставив моето тркачко семејство во незгодна ситуација. Но, Тото ме разбра. Тој веднаш знаеше дека сум целосно убеден во мојата одлука и тоа дополнително ме увери дека го правам вистинскиот потег. Моето најголемо достигнување во тркањето е освојувањето на шампионската титула во Формула 1 со овој неверојатен тим на луѓе, со тимот на Сребрените стрели."
"Тоа ме прави многу горд. Сега, јас само ќе уживам во овој момент. Ќе имам време во следните недели, да ја почувствувам шампионската еуфорија, да се осврнам на сезоната и да уживам во секое искуство што го носат следните денови. После тоа, јас ќе завртам следна страница во мојот живот и да ќе видиме што има наоколку за мене..."
ШАМПИОНОТ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ФОРМУЛА 1
12/02/2016 02:46:00 PM
0
Share to other apps
