По изјавите на возачите на Форс Индија, Серџо Перез и новакот во тимот Естебан Окон, кој беше ангажиран како замена за Нико Хулкенберг, тие ја тргнаа прекривката од новиот 2017 болид со ознака VJM10.
Основните бои останаа исти, но толкувањето на новите прописи од страна на инженерите на Форс Индија донесоа многу оригинални решенија на аеро елементите, за кои веруваме дека нема баш да им се допаднат на многу од Ф1 фановите. По најуспешната година во историјата на тимот, која им го донесе четвртото место во шампионатот на конструкторите, екипата со голем оптимизам ја очекува десеттата сезона во својата историја.



































