Ландо Норис ја започна клучната година за него со Пол позиција за Големата Награда на Австралија. Британецот мораше да вложи максимални напори да го победи тимскиот колега, Оскар Пјастри, кој френетично беше бодрен од домашната публика.
Макс Ферстапен успеа да се справи со возачите на Мерцедес АМГ и Ферари, но РБ21 не дозволува да се бори за врвот на табелите, засега. Сепак секоја пропуштена шанса од Мекларен ќе биде тука да се искористи.
Ландо Норис беше најбрзиот возач во сите сегменти од денешните квалификации, но тремата е тука, па англичанецот ги надмина границите на патеката при неговиот прв обид во Q3 и мораше да се потруди во својот последен обид, победувајќи го Оскар Пјастри за 0.084 делови од секундата и Макс Ферстапен за три десетинки.
Ферарите беа, можеби, најголемото разочарување. Чарлс Леклер заврши седми, а Луис Хамилтон осми. Прегревањето на задните пневматици беше енигма за нив,па оттука и лошите времиња. Дали болидите им се подесени за влажна патека?
Јуки Цунода и Алекс Албон ги изненадија сите со пласманот на петтата, односно шестата позиција.
По три тренинг сесии со различни возачи на врвот, дојде време за вистинската акција, без никакви калкулации. Квалификациите за Големата Награда на Австралија започнаа на сув асфалт и негова температура од 41 степен.
Тимот на Хас беше првиот што излезе на патеката, по што следеше долга листа на возачи. Естебан Окон го забележа првото време од 1:17.517, а Џорџ Расел, и покрај тоа што излезе со жолти гуми забележа 1:17.210.
Фернандо Алонсо имаше добар почеток, со 1:16.546 што привремено го стави на прво место, пред Гасли и Хулкенберг. Кригот на шпанецот во Астон Мартин се покажа како прилично добар, беше побрз од тој на Луис Хамилтон и само 93 илјадити делови од секундата зад Чарлс Леклер.
Но, кога возачите на Мекларен, ги комплетираа своите брзи круговисе си дојде на свое место. Ландо Норис и Оскар Пјастри лесно до првите две места на табелата.
Во меѓувреме, само Макс Ферстапен успеваше да одржи некој чекор со нив, но релативно далеку од можност да ги предизвика за врвот.
На крајот Ландо го имаше најбрзото време, а Расел беше втор, пред Ферстапен и Леклер.
Габриел Бортолето го предизвика првото изненадување претекнувајќи го Нико Хулкенберг и се пласираше во Q2 на петнаесеттото место.
Тој исто така го симна Кими Антонели на П16. Италијанецот во болидот на Мерцедес АМГ имаше проблеми со скршена амортизација. Од друга страна никој вотимот на Лиам Лосон не знае што е проблемот и што тој заостанува толку многу зад неговиот тимски колега.
Елиминирани во првиот сегмент од квалификациите беа Антонели, Хулкенберг, Лосон и дуото на Хас. Очаен старт на сезоната за Оливер Берман кој го уништи болидот на првиот тренинг, кој механичарите на Хас се уште не можат да го стават во возна состојба.
За Q2 асфалтот благо падна на температура до 39 степени. Немаше време за губење. Повеќето возачи веднаш излегоа на патеката.
Макс Ферстапен забележа спектакуларно прво време од 1:15.688. Чарлс Леклер заостануваше 150 илјадитинки зад Холанѓанецот, а Луис Хамилтон три десетинки, иако користеа нов сет на црвени гуми.
Но, кога возачите на Мекларен ќе излезеа на патеката, борбата престануваше. Во овој случај, Оскар Пјастри имаше време од 1:15.468, a Ландо Норис заостана 88 илјадитинки зад својот тимски колега.
Сепак, на крајот, Ландо Норис уште еднаш беше најбрз и во овој сегмент со 1:15.415, додека Оскар Пјастри заостана само 53 илјадитинки, а Макс Ферстапен на користен сет на црвените гуми забележа 1:15.565 во завршните фази.
Луис Хамилтон, и покрај извртувањето во својот последен обид, заврши на шестото место, веднаш пред Карлос Саинц Јр.
Исак Хаџар беше првиот од елиминираните, пред Фернандо Алонсо, Ленс Строл, Џек Дуан и Габриел Бортолето.
По две интензивни сесии со интересни детали, за крај следуваше Q3 сесијата и финалната пресметка на најбрзите 10 возачи на патеката во Алберт Парк.
Луис Хамилтон, Карлос Саинц Јр., Јуки Цунода, Алекс Албон и Пјер Гасли мораа да ја стартуваат со користен сет на црвени гуми, останатите со нови.
При првата сесија на брзи кругови имаше повеќе изненадувања. Времето на Оскар Пјастри не беше многу добро, а времето на Ландо Норис беше избришано поради надминување на границите на патеката.
А кога се тие надвор од игра, Макс Ферстапен лесно до првото место на табелата со време од 1:15.671. Џорџ Расел заостана само 24 илјадитинки, Чарлс Леклер, 84 илјадити.
Допрва требаше да следуваат последните обиди, а целиот притисок беше на рамениците на Ландо Норис, бидејќи немаше забележано време. Но, се е подобро кога го имаш најбрзиот болид и тој успеа со смирено возење за забележи време од 1:15.096 и го победи Оскар Пјастри за 84 илјадитинки, доволно за неговата 10-та пол позиција. Лесен прв стартен ред за возачите на Мекларен.
Макс Ферстапен повторно подобар од Џорџ Расел, победувајќи го за 65 илјадитинки за третата стартна позиција, додека Јуки Цунода и Алекс Албон извлекоа изненадувачки времиња од своите болиди за петтата и шестата позиција.
Како што кажавме претходно, разочарувањето на денот беа возачите на Ферари, со Чарлс Леклер на П7 и Луис Хамилтон на П8, додека Пјер Гасли и Карлос Саинц Јр.го заокружија пласманот на 10-те најбрзи возачи.