Во десет часот по локално време, на патеката Сакир започна вториот тест ден, но во интересни временски услови.
Во текот на ноќта врнеше дожд, кој се појави и за време на оваа претпладневна сесија.
По еден час пауза сесијата продолжува, а треба да заврши во 17:00 часот по македонско време, освен ако не бидат продолжени како во текот на вчерашниот ден.
Луис Хамилтон беше најбрзиот возач во Бахреин. Британецот продолжува да стекнува самодоверба во црвениот болид.
Денот започна на вообичаениот начин со многу сензорни решетки монтирани на болидите за тестови за корелација, но акцијата беше прекината кога започна дождот.
По едночасовна пауза, возачите се вратија на гуми за сува патека, бидејќи освен Астон Мартин и Хас никој нема гуми за влажна патека.
Тимот од Силверстоун немаа намера да ги користат, додека во Хас се решија да ги испробаат зелените интермедија гуми.
Се случи и првиот инцидент во новата сезона, во осмиот свиок Пјастри и Хулкенберг имаа мал контакт. Возачот на Заубер беше напред, но Оскар реши да го претекне, а кога беа на врвот од свиокот двајцата решија да го земат што пошироко по што дојде до контакт.
Во Ред Бул мораше предвреме да ја завршат утринската тест програма поради губење на притисокот во системот за ладење на моторот.
Најновата вест од Ф1 падокот е дека Ред Бул на последниот тест ден во Бахреин ќе ја донесе првата поголема надградба на својот најнов болид, РБ21.
Ова не е првпат некој од тимовите да го одложи воведувањето на нови делови до последните тест денови, така што ривалите не можат да го копираат решението до почетокот на сезоната.
На нашите социјални мрежи и блог ќе ги имате сите поважни новости, гласини, реакции од тимовите на случувањата на и надвор од патеката во Бахреин.
Придружете ни се во нашата ВАЈБЕР група, најбрзиот начи да дојдете до информации поврзани со Формула 1 шампионатот.