Пирели ги објави смешите од кои ќе бидат произведени пневматиците за воведните трки од новата 2025 сезона: Големите Награди на Австралија, Кина, Јапонија, Бахреин и Саудиска Арабија.
Во 2025 година, палетата на Пирели се прошири од пет на шест смеши. Воведена е најмека C6 смеша како дополнување на постојните C1, C2, C3, C4 и C5.
На првата трка од сезоната во Мелбурн, тимовите ќе добијат C3, C4 и C5, во Кина C2, C3 и C4, а во Јапонија и Бахреин C1, C2 и C3 смешите. Изборот на смеши за првите четири трки е ист како и минатата година.
За трката во Саудиска Арабија, тимовите ќе добијат еден чекор помеки смеши, C3, C4 и C5.
Марио Изола, директор за мотоспорт на Пирели: "Врз основа на нашето искуство од минатата година и податоците собрани за време на развојните тест сесии, при изборот на смеши сакавме да им дадеме на тимовите и возачите повеќе опции во однос на стратегијата."
"Во 2024 година, 18 од 20 возачи стартуваа на жолти, C3 смеша, а по излегувањето на безбедносното возило во 7-от круг, 14 од нив веднаш се префрлија на белите гуми, на кои ја завршија трката. Помеките смеши за оваа година ќе овозможат поголема разновидност во стратегиите со едно и две застанувања во бокс."
Придружете ни се во нашата ВАЈБЕР група, најбрзиот начи да дојдете до информации поврзани со Формула 1 шампионатот.