Дали лошиот почеток на сезоната на Лиам Лосон го натера Ред Бул сериозно да размислува за замена на Новозеланѓанецот со Јуки Цунода веќе од следната трка во Сузука.
Според РејсингЊуз365, конечната одлука се уште не е донесена, но ќе се разговара во наредните денови на итниот состанок во Милтон Кејнс, кој раководството на тимот го свикува.
По финишот на трката во Шангај, Кристијан Хорнер беше директно прашан за оваа можност, но тој изјави децидно кажа дека моментално се е на ниво на шпекулации низ падокот.
"Само што ja завршивме трката, така што тимот треба да ги проучи сите собрани информации. Не се донесени конкретни одлуки. Во овој момент, се е чиста шпекулација. Лиам има потенцијал, но не го реализира."
"Замената нема ни да ја коментирам, бидејќи моите зборови веднаш ќе се најдат на насловните страници. Зад нас се само две трки."
"Денешната трка беше експеримент за Лиам, намерно имавме екстремни подесувања на болидот, да видиме каде ќе не однесе тоа. Добивме многу инфомации за анализа. Негова трка беше тест сесија за нас."
Во исто време, шпанскиот печат долева масло на огнот на гласините, известувајќи дека Ред Бул одржал прелиминарни разговори со претставниците на Франко Колапинто за договор со Рејсинг Булс. Се очекува аргентинскиот возач да го преземе воланот на болидот на Јуки Цунода доколку се донесе одлука за замена на Лосон.
Сепак, ваквото сценарио изгледа малку веројатно, бидејќи Ред Бул традиционално претпочита да ги префрла возачите од главниот тим во сестринска екипа, наместо да ги отпушти. Така беше со Данил Квјат и Пјер Гасли. Можно е Лиам Лосон да ја сподели нивната судбина.
Падокот е убеден дека Хелмут Марко и другите функционери на Ред Бул, вклучувајќи го и Кристијан Хорнер, се подготвени веднаш да направат размена на возачи, сепак сите четворица се под нивни договор.
Оваа погодност кога имаш четворица возачи во шампионатот, од Ред Бул ја имаат искористено повеќе пати низ историјата. Најдобитна за нив беше размената Даниел Квјат и Макс Ферстапен. Кариерата на Русинот беше уништена, Холанѓанецот се вивна во височините на Формула 1 шампионатот како еден од најдобрите возачи во историјата!
Одлуката ќе биде донесена за брзо време, затоа што не можат да си дозволат да чекаат премногу долго. Знаат дека вториот возач е клучен за титулата кај конструкторите. Минатата година, затоа не ја освоија шампионската титула, недостасуваа поените на Серџо Перез.
И оваа сезона е јасно дека не можат целосно да се потпрат на Макс, бидејќи болидот не е најдобар, ниту евентуално втор на гридот, тие се борат за третото место.
За Лосон, размената е подобра опција од добивањето на отказ, но оваа размена би била жежок костен и за Јуки Цунода. Би требало да седне во болид кој не е ни малку лесен и пријатен за возење, и исто така неконкурентен. Иако да се биде во големиот тим е секогаш сон, исто така може да биде горчлив и разорен кошмар.
Неодамнешните коментари на Макс Ферстапен не се за занемарување: "Лиам би се снашол подобро со Рејсинг Булс. Болидот е полесен за возење и тој би се чувствувал поудобно."
Ја видовте двегодишната голгота на Серџо Перез и што се случува сега со Лиам. Јуки Цунода го имаше Лосон за тимски колега минатата година на последните шест трки, а настапите беа прилично изедначени.
Но, Јуки Цунода нема што да изгуби, ова е неговата шанса да му покаже на Ред Бул дека треба да продолжат да му веруваат бидејќи неговата иднина во Ф1 не е сигурна.
ЈУКИ ЦУНОДА ВО РЕД БУЛ ОД СЛЕДНАТА ТРКА, ТОА СЕ САМО ГЛАСИНИ
3/23/2025 07:51:00 PM
3 minute read
0
Share to other apps