Во Австралија, Ферари очигледно не ги оправда очекувањата на своите фанови. Лео Турини, искусен италијански новинар за мотоспорт и страстен навивач на тимот од Маранело, не ги воздржа своите емоции при оценувањето на перформансите на неговиот омилен тим во првата трка од сезоната.
"Сакам да им олеснам на оние кои секогаш и во се бараат изговори, а такви луѓе постојат. Се согласувам, тоа беше само прва трка. Да, има уште 23 до крајот на сезоната, не се расправам, минатата година видовме дека се уште е можно да се вратиме."
"И да не беше грешката во темпирањето на последниот пит-стоп, Чарлс Леклер и Луис Хамилтон можеа да се пласираа погоре на табелата. Но, нема да се занимавам со апологетика, туку веднаш лопатата ќе ја наречам лопата."
"Ферари, искрено, лошо се претстави во Мелбурн. Леклер не можеше да го достигне темпото на Џорџ Расел, иако беше многу побавен од Макс Ферстапен и од двајцата возачи на Мекларен."
"Хамилтон беше заглавен зад Вилијамс, нешто што изгледаше како цела вечност. И како да не не исмеваат, завршивме и зад Заубер и Астон Мартин, и тоа е тотална катастрофа. Како и да гледате на тоа, овој пристап може да се нарече само катастрофа."
"Имам уште малку време да се ослободам од моите фрустрации, но засега не чувствувам ништо друго освен тешка депресија. Во Австралија, SF-25 не се претстави добро. Точка."
"Беше јасно дека возачите постојано имаат потешкотии за време на управувањето со болидот. Цела зима тимот не воодушевуваше со приказни за тоа колку добро се одвиваше сè, и сега што?"
"Да се надеваме дека следната година дефинитивно ќе почнеме да победуваме? Или ние италијанските фанови можеме да се тешиме со фактот дека Кими Антонели се претстави навистина добро?"
"Во секој случај, единствената личност за која Ландо Норис треба да се грижи оваа сезона е Ферстапен, но и во тој случај не премногу. Во принцип, ќе видиме како сè ќе функционира во Кина, но засега ситуацијата е вака: ако на крајот од минатогодишниот шампионат речиси се израмнивме со Мекларен, и тоа беше навистина така, тогаш е навистина лошо да ја започнеме следната сезона на никаков начин."
"Техничките прописи останаа исти. Тоа се моите размислувања... Но, да се надеваме на најдоброто."