Макс Ферстапен уште еднаш го победи возачите на Мекларен и однесе уште една победа, но овој пат на спринтот за Големата Награда на Белгија.
Холанѓанецот го престигна Оскар Пјастри во првиот круг и го задржа водството до самиот финиш.
Макс и Ред Бул се решија за задно крило со мала потисна сила на RB21, потенцирајќи ја максимална брзина на правците, за сметка на брзината во свиоците.
Прво, тоа му овозможи да го престигне Пјастри на Кемел правецот и второ, да се одбрани од неговите напади. Со тоа ги победи Мекларените за да ја забележи својата дванаесетта Спринт победа.
Чарлс Леклер беше немоќен за нешто повеќе со надградениот болид на Ферари, освен да каска зад возачите на Мекларен, додека Естебан Окон беше најдобар од останатите на петтото место.
Карлос Саинц Јр. го задржа шестото место пред Оливер Берман и Исак Хаџар, последните возачи за кои денес имаше поени на спринтот.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ, 16:00 МК, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Оскар Пјастри го заработи правото да стартува од првата позицијата на вчерашните спринт квалификации, но ова е можеби единствената патека каде никој не посакува да има таков пласман.
Макс Ферстапен и Ландо Норис ја чекаа својата шанса веднаш него во секогаш тешкиот прв круг на СПА-Франкоршамп. Најавите за дожд не се остварија,па и денес за спринтот имавме сонце и перфектни услови за тркање.
Пјер Гасли, поради механички проблем (протекување на вода), беше принуден да стартува од пит-линијата, каде што требаше да стартува и Франко Колапинто, кој беше единствениот на црвени, додека останатите беа на жолти гуми.
Стартот беше беше без инциденти. Имаше малку промени на позициите во првите неколку метри кон првиот свиок, но на кемел правецот, Макс Ферстапен го започна нападот и успеа да го престигне Оскар Пјастри за да го преземе водството по Ле Комб свиокот.
Чарлс Леклер истовремено го престигна Ландо Норис за третото место. Фернандо Алонсо ја загуби позицијата од Ленс Строл и тоа беа единствените промени на позиции.
Макс Ферстапен, неколку круга, успеа релативно удобно да се држи на првото место, но од крајот на третиот Оскар Пјастри почна да го загрозува неговото водство.
На Ландо Норис му беа потребни четири круга, за лесно да го врати третото место од Чарлс Леклер со помош на ДРС системот на Кемел правецот.
Круговите минуваа, а Пјастри не можеше да го престигне Ферстапен, кој се одлучи за поголема максимална брзина на својот Ред Бул, по цена на губење време во еден квалификациски круг.
Всушност, стигнавме до 8-тиот круг, и на седум круга до крајот, Ландо Норис се најде во ДРС растојание од својот тимски колега. Оскар Пјастри направи неколку обиди во последната третина од спринтот, особено во 11-тиот круг, но одличната брзина на Ред Бул на правците се покажа како непобедлива.
На крајот, четирикратниот шампион ја забележа својата дванаесетта победа во спринтовите, со Оскар Пјастри на второто место и Ландо Норис на третото.
Чарлс Леклер заврши четврти, во "ничија земја", а Естебан Окон заврши петти, како најдобар од средината на табелата. Карлос Саинц Јр. имаше силен настап завршувајќи шести, а Оливер Берман заврши седми, пред Исак Хаџар, Габриел Бортолето и Лиам Лосон. Фернандо Алонсо заврши четиринаесетти.
МАКС ГИ ЗАДРЖА ЗАД СЕБЕ ПАПАЈА БОЛИДИТЕ ЗА ПОБЕДА НА СПРИНТОТ
7/26/2025 11:36:00 AM
0
Share to other apps