Макс Ферстапен денес се натпреваруваше во седмата трка од ADAC Nürburgring Langstrecken-Serie (NLS7), германска серија трки на издржливост што се одржува на легендарната Нирбургринг Нордшлајфе.
Четирикратниот Ф1 шампион имаше за цел да добие посебна лиценца што ќе му даде право да учествува на овие трки во најбрзата GT3 категорија, таканаречената DMSB Permit Nordschleife.
За да ја добие посакуваната лиценца денес седна зад воланот на Porsche 718 Cayman во помалку моќната GT4 категорија, автомобил на тимот Lionspeed GP во боите на Verstappen.com Racing и Red Bull.
Негов колега беше 22-годишниот Британец Крис Лалам, кој вози за тимот на Верстапен во европската серија GT World Challenge.
Макс Ферстапен: "Тркањето не е само моја професија, туку е и мое хоби. Овој викенд ќе бидам на Нордшлајфе и мојата цел е да ја добијам задолжителната лиценца за тркање во GT3 автомобил."
"Нордшлајфе е на врвот на мојата листа на патеки на кои би сакал да се тркам. Тоа е исклучително тешка патека и возачот мора да ги исполни највисоките барања. Едвај чекав да седнам зад воланот!"
Макс првпат настапи во квалификациите, комплетирајќи го кругот од 20.832 км за 10:21.591, 6-ти најдобар резултат во неговата класа и 26-ти во генералниот пласман.
Следниот факт, исто така, многу зборува за тоа како се справува четирикратниот Ф1 шампион: во вториот, одлучувачки обид, неговото време беше за 12.6 секунди подобро отколку во првиот.
Состојбата на патеката не можеше да се нарече идеална, асфалтот беше доста влажен, иако постепено се сушеше.
Истото важеше и за време на трката, во која учествуваше во истата екипа со Крис Лалам, и завршија седми во својата класа.
Во генералниот пласман, екипажот на Лајонспид Порше го освои 27-то место, но прво во подкласата CUP3(G), во која се натпреваруваат возачи со статус "гостин". Во секој случај, Ферстапен и Лалам претекнаа многу ривали кои се натпреваруваа во помоќни автомобили од класата GT3.
Најзнајачно е што целта е постигната, лиценцата за тркање во GT3 автомобил е добиена и сега ќе чекаме негов настап во оваа категорија на "Зелениот Пекол".
МАКС ИМАШЕ УСПЕШНО ДЕБИ НА НИРБУРГРИНГ
9/13/2025 08:45:00 PM
0
Tags
Share to other apps