Макс Ферстапен доминираше на Големата Награда на Соединетите Американски Држави и го продолжи трендот на намалување на предноста на возачите на Мекларен.
Ландо Норис заврши втор, а Оскар Пјастри петти. Холанѓанецот ги подгреа надежите на фановите ширум светот дека може да гледаме неизвесен финиш на 2025 Ф1 сезоната, барем во шампионатот на возачи.
Ова беше класичен тркачки викенд во корист на Макс. Тој доминираше во спринт квалификациите, Мекларен му ја олесни победата во Спринтот, потоа беше извонреден во битката за пол позицијата, а денес на трката имаше сојузник во Чарлс Леклер.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
Ситуацијата во шампионатот на возачите ескалираше. Битката ќе продолжи веќе следниот викенд со трка на патеката Браќа Родригез за Големата Награда на Мексико Сити.
Макс Ферстапен имаше добар старт, а потоа направи одредена разлика откако го задржа водството по првиот свиок.
Голема помош имаше од Чарлс Леклер кој го претекна Норис за второто место со помош на црвените гуми, и успешно го задржуваше зад себе во текот на првиот стинт, овозможувајќи му на Макс да создаде повеќе од десет секунди предност, пред влегувањето во бокс по нов сет на пневматици.
Како што се очекуваше по промената на гуми, Ферстапен лесно стигна до својата 68-ма победа во Формула 1, неговата петта оваа сезона.
Ландо Норис заврши втор, по одличната битка со Чарлс Леклер во текот на целата трка, а Оскар Пјастри успеа да заврши само на петтото место.
Ова значи дека Холанѓанецот сега е 40 поени зад Австралијанецот и 26 зад Англичанецот.
Од друга страна, вреди да се напомене дека Ферари добро се покажа на оваа трка, со пласман на подиумот за Леклер и четврто место за Луис Хамилтон, кој го сруши рекордот на Дидиe Пирони, од најмногу трки за Ферари без пласман на подиумот.
Џорџ Расел заврши шести, а Јуки Цунода седми, што исто така ја потврдува нагорната линија во перформансите на РБ21.
Нико Хулкенберг, по подолго време, се враќа во пласман кој носи поени, финиширајќи на осмото место, пред Оливер Берман и Фернандо Алонсо.
МАКС ПОБЕДНИК, БИТКАТА ЗА ТИТУЛАТА СТАНУВА СЕ ПОИНТЕРЕСНА
10/19/2025 08:17:00 PM
0
Share to other apps