Ландо Норис имаше беспрекорен настап на Големата награда на Сао Пауло, обезбедувајќи уште една победа и зголемувајќи го своето водство во шампионатот на возачи.
Оскар Пјастри успеа да се пласира само на петтото место, додека Макс Ферстапен имаше спектакуларен кам-бек по стартот од пит-линијата, искачувајќи се на третото место.
Гледавме возбудлива трка за речиси секое место на табелата, а само во борбата за победа имаше јасен фаворит - Ландо Норис.
Британецот имаше добар старт, возеше беспрекорно во текот на целата трка и се одвои на врвот.
На крајот, тој ја забележа својата единаесетта победа во Формула 1 со десет секунди предност пред второпласираниот Кими Антонели.
Италијанецот мораше да се бори напорно за да заврши втор. Макс беше веднаш зад него, но Антонели се одбрани добро и не му дозволи да го престигне.
Џорџ Расел заврши четврти, а Оскар Пјастри, и покрај казната за судирот со Антонели и Леклер, заврши петти.
Ландо Норис сега има 24 поени предност во Шампионатот на возачи пред Оскар Пјастри и 49 поени предност пред Макс Ферстапен по беспрекорната за него Голема награда на Сао Пауло.
Во моментов, Ландо е јасен фаворит за титулата.
Оливер Берман повторно имаше одличен настап и беше најдобар од останатите, завршувајќи на шестото место, додека Лиам Лосон предводеше голем ДРС воз на болиди во средниот ред и заврши на седмото место, пред Исак Хаџар, Нико Хулкенберг и Пјер Гасли.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
Ова беше многу важна трка во битката за шампионската титула во 2025 година.
Најголем добитник е Ландо Норис, кој тоа максимално го користи со победата на Интерлагос, каде што стартува од пол позицијата и ја гледа трката во своите ретровизори.
Британецот има предност од 24 поени во однос на Оскар Пјастри, кој повторно не можеше да влезе во победнички ритам.
Ако на тоа се додаде и казната од 10 секунди за предизвикување судир со Кими Антонели, со кој беше елиминиран Чарлс Леклер, нема многу добри работи за Австралиецот во борба за титулата.
Сепак, насловните страни целосно се насочени кон Кими и Макс. Двајцата имаа сензационален настап.
Антонели со неговата брзина, зрелост и смиреност во моментите кога Холанѓанецот беше зад него.
Ферстапен со уште една легендарна трка во Сао Пауло, каде што дури и даде впечаток дека може да победи од пит.
Секако, со нова Хонда ПЕ и сет-ап на РБ21, лесно ги решаваше болидите кои се најдоа помеѓу него и врвните позиции, и уште еднаш пакетот возач-тим покажува извонредна способност за решавање проблеми и читање на трката.
По тешкотиите во квалификациите, тимот одлично ја врши работата и во промената на стратегијата по дупнатата гума на почетокот и при крајот со одлуката за премин на побрзата, но проблематична црвена гума.
Зад звездите на оваа трка се големите губитници, Оскар Пјастри и Џорџ Расел.
Британецот беше "надигран" и изненаден од конкурентноста на Антонели, додека Австралијанецот ризикувајќи во првиот свиок при рестартирањето на трката, по излегување на БВ по инцидентот на Габриел Бортолето на стартот, и може да се смета за среќен што немаше никаква штета на неговиот болид.
Од тимска страна, Ферари имаше кошмарен викенд, по двојното откажување на Чарлс Леклер и Луис Хамилтон, што дефинитивно ги оддалечи од битката за второто место во Шампионатот на конструктори.
Сега имаат 36 поени дефицит од Мерцедес АМГ, но беа претекнати и од тимот на Ред Бул, заостанувајќи 4 поени.
Лоша среќа за Моначанецот, за седумкратниот шампион е поинаква приказна. Трката на Британецот тргна наопаку поради контакт во првиот свиок со Карлос Саинц Јр., а потоа беше уништена од несмасниот судир со Франко Колапинто.
Важни поени за Оливер Берман, уште еднаш достојни за аплауз, двајцата возачи на Рејсинг Булс, Нико Хулкенберг и Пјер Гасли.
Вилијамс разочарува, а и Астон Мартин имаше тешка трка.
Битката продолжува за две недели со трката во Лас Вегас. Временскиот распоред е доста незгоден за Македонските Ф1 фанови, во периодот по полноќ и раните утрински часови.
НОРИС ФЛЕРТУВА СО ТИТУЛАТА, НЕВЕРОЈАТНА ТРКА ЗА МАКС И КИМИ
11/09/2025 04:02:00 PM
0
Share to other apps










