Многу необичен распоред за Формула 1, една трка на секои осум недели. Последниот пат кога ова се случи беше за време на Ковид кризата, а сега ситуацијата на Блискиот Исток значи дека генерално нема време за спектакл.
Промената во прописите ѝ дава на оваа пауза посебено значење. Тимовите одеднаш имаат време, кое активно го користат, а оваа пауза во распоредот би можела да игра одлучувачка улога во одредувањето на новиот шампион. Трката во Мајами потврди дека во Формула 1 сè може да се промени за брзо време.
На ред е Големата Награда на Канада, а потоа следува луда европска серија, каде што ќе видиме шест трки во истите осум недели.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРКАТА, 22:00 МК, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Иако и овој настан се одржува во Спринт форматот, кој е незгоден за тестирање, сепак е подобра опција од трката во Монако, каде што ништо не може да се тестира.
Многумина веруваат дека спринтот требаше да се одржи во Монако, каде што никогаш нема многу интриги, а две квалификациски сесии во текот на викендот ќе им овозможат на фановите повеќе акција и неизвесност.
Следната фаза на ажурирања традиционално ќе се одржи во Барселона.
Тркачкиот викенд во Канада е еден од подобрите тркачки викенди во календарот, и со ноќен распоред за нас. Возбудлива градска патека, каде што бариерите се блиску и претекнувањето е можно.
Претходно, беше речиси невозможно да се предвиди победникот на оваа трка, но организаторите ги поместија опасните делови, го поедноставија распоредот и го променија асфалтот, и во последните десет години, победникот беше доста предвидлив. Седум пати, тоа беше освојувачот на Пол позицијата.
Патеката Жил Вилнев беше позната по "ѕидот на шампионите", кој се уште постои, но беше поместен за еден метар, па така имаме помалку инциденти, за разлика од минатото, кога многу и од врвните возачи оставија "автограм" на него.
Формула 1 дојде во Канада во средината на 60-тите, четири години трката наизменично ги одржуваше на патеките Мон Тремблант и Моспорт, а потоа само во Моспорт, бидејќи другата беше прогласена за премногу опасна.
Во 1977 година, Француските Канаѓани, импресионирани од успехот на Жил Вилнев, ја изразија идејата за изградба на автодром во Квебек.
Градските власти пронајдоа два милиони долари, ги поврзаа патиштата на вештачкиот остров направен за олимписките игри во 1976 година и сè беше подготвено за Големата Награда на Канада во 1978 година.
Победник на инаугуративната трка беше Жил Вилнев, кој возеше Ферари 312Т3. Во 1982 година, откако Жил почина на квалификациите пред трката во Золдер , патеката го доби неговото име.
Историјата на канадската трка е полна со трагедии и триумфи. Овде речиси е невозможно да се погоди победникот, често на највисокото скалило на подиумот се искачува возач кој не атакува на шампионската титула, а лидерите во шампионатот немаат секогаш среќа.
Патеката е интересена мешавина на долги, брзи правци и бавни свиоци. Високите крајни брзини на правците и стоп/старт карактерот на истата придонесува таа да биде класифицирана како една од најтешки за сопирачките на болидите.
Површината на канадската патека отсекогаш беше нерамна, но со новиот асфалт тоа е донекаде анулирано, па возачите се чувствуваат многу подобро во "крутите" болиди од новата генерација.
Честите точки за сопирање доведуваат до високи температури на дисковите, а ефектот е дополнет со фактот дека правците, особено во првата половина на кругот, не дозволуваат доволно време за нивно ладење.
Италијанскиот производител и официјален снабдувач на Формула 1 со пневматици, традиционално ги номинира најмеките смеши во нивниот опсег.
Оваа година не е исклучок, па на Ф1 тимовите им се понудени C3, како бели, C4 како жолти и C5 како црвени гуми.
Во Монтреал, особено се оптоварени задните гуми и многу е лесно возачите да предизвикаат пролизгување на тркалата, ако премногу притиснат на педалата за гас, а тоа е особено опасно при последниот свиок каде се наоѓа на почетокот споменатиот "ѕид на шампионите".
Името го доби по трката во 1999 година, кога Дејмон Хил, Михаел Шумахер и Жак Вилнев удрија во ѕидот на излезот од последниот свиок. И да, покрај тоа што е поместен за еден метар, тој веќе не е ѕид во буквална смисла, туку ТекПро заштитна бариера.
Патеката има многу висока веројатност за излегување на безбедносниот автомобил, кој може да го промени во целост текот на трката. Ова е една од причините зошто флексибилната стратегија често дава добри резултати, но патеката нуди многу повеќе можности за престигнување.
Според актуелниот договор, патеката Жил Вилнев треба да биде домаќин на трки до 2029 година, но трки ќе се возат и во 2030 и 2031 година, како надополнување на двете години, кога настанот не се одржа поради пандемијата.
Џорџ Расел ја освои Пол позицијата во Канада трета година по ред, но покрај него го нема познатиот придружник во претходните години, Макс Ферстапен, туку сега е тука тимскиот колега, кој се покажа како достоен противник.
Според инженерите на Пирели, најбрзата стратегија за Големата Награда на Канада, која се состои од 70 круга ќе биде со едно застанувања во бокс.
Теоретски, најбрзиот начин е да се стартува на жолтите гуми, за потоа да се премине на белите гуми.
За оние кои почнуваат подолу на гридот, може да има аргумент за стартување со црвените гуми и пократок прв стинт, надевајќи се дека ќе го искористат максимумот од излегување на безбедносното возило.
Алтернатива за трка со еден пит-стоп е старт на жолтите и финиш на белите пневматици.
Ова е патека каде што можете да претекнете, иако тоа не е така лесно остварливо, но изгубената позиција на патеката може да се надомести.
Дарио Марафуски, Пирели: "Изборот на смеши за Спринтот беше речиси иднтичен низ целиот стартен грид, со неколку исклучоци што на крајот дозволија сите три смеши да се видат во акција."
"На скратеното растојание за тркање, црвените гуми покажаа линеарна и ограничена деградација, знак дека би можеле да претставуваат корисен џокер во стратегиите за неделната трка, доколку патеката остане сува."
"Стратегијата со еден пит-стоп е очигледно најдобрата опција, при што комбинацијата жолти/бели гуми е наведена како најбрза на хартија."
"Овој конзервативен пристап, за кој веруваме дека ќе биде најшироко прифатен од тимовите во отсуство на дожд, бара запирањето во боксот да се одржи помеѓу 21 и 27 круг."
"Побавна од претходната опција е стратегијата бели/жолти, која овозможува првиот стинт да се продолжи од 38 до 44 круг."
"Во зависност од стартната позиција, некои возачи би можеле да имаат корист од старт на најмеката смеша, поместувајќи го запирањето во боксот помеѓу 17 и 23-от круг, пред да го завршат последниот стинт на белите гуми."
"Сепак, постои голема веројатност за дожд, што отвора можност за употреба на гумите за влажно време. Од Мајами е дозволена употребата на прекривките за загревање, што го олеснува загревањето на гумите за влажно време, дури и во услови на ниски температури на околината или поради карактеристиките на самата патека."
"И двата фактори важат во Монтреал, каде што релативно ниските странични сили го отежнуваат генерирањето на температурата на гумите, како што се виде на квалификациите, и каде што прогнозите укажуваат на понатамошен пад на минималните температури."
ВЕЧЕР ЗА ТРКА, НАЈАВА НА КАНАДСКОТО ГРАН ПРИ
5/24/2026 09:03:00 PM
0
Share to other apps





