ФОРС ИНДИЈА ГО ПРЕТСТАВИ ВЈМ04
2/08/2011 07:55:00 PM
0
Само уште еден тим останува официјално да го претстават 2011 автомобил, по денешната презентација на Форс Индија на својот нов болид ВЈM04. Тимот заврши на седмото место во 2010, само еден поен зад Вилијамс, а оваа година тие атакуваат на петтото место и се надеваат дека ВЈМ04 може да донесе пласмани на подиумот оваа сезона.
Виџај Малја, рече:
"Оваа година може да бидеме поголеми оптимисти. Имаме три возачи кои се гладни да го направат следниот чекор во своите кариери, без разлика дали тоа се поени, подиуми и победи. Имаме искусен технички тим кој има генијалност , флексибилност и желба да се прилагодат на новиот бран на промени во Ф1, и ние исто така имаме партнерство со Мекларен, Мерцедес мотори со високи перформанси. Не можам да не го спомнувам и многу посебниот настан за нас, а и за мене лично, стартот на инаугуративната трка за Големата Награда на Индија. Најдобро место за исполнување на нашите цели е на домашен терен, нели? "
ВЈМ04 за прв пат ќе се појави на асфалтот на втората тест-сесија пред стартот на сезоната во четврток во Херез.
Tags
Share to other apps