АМЕРИКА И СЕ Е МОЖНО ФОРД ГО ТУЖИ ФЕРАРИ, ГО НАРУШУВАЛЕ НИВНИОТ ИМИЏ
2/10/2011 11:42:00 AM
0
Американскиот производител на автомобили "Форд" го тужи Ферари за злоупотреба на заштитен знак околу употребата на името F150 за својот најнов Формула 1 болид. Според Форд, Ферари го користи заштитниот знак ф-150 со цел да профитираат на маркетиншкиот развој на ова обележје од страна на Форд. Форд Ф-150 е најпродаваниот пик-ап камион во САД. Оваа информација ја објави Ројтерс по тужбата поднесена од Форд во судот во Детроит.
Форд соопшти дека логото од неговиот пик-ап има впечатлива сличност со логото на болидот на Ферари. Американскиот производител на автомобили бара неодредена отштета и Ферари да биде спречен од користење на трговската марка во САД. Ферари соопштија дека го одбрале Ф150 за да ја прослават 150-годишнината од обединувањето на Италија.
Tags
Share to other apps