ТИМОТ НА ВИРЏИН ГО ПРЕТСТАВИ СВОЈОТ НОВ БОЛИД, МВР-02
2/07/2011 06:21:00 PM
0
Тимот на Вирџин денес во Лондон го промовираше својот втор Формула 1 болид, кој ја носи ознаката МВР-02. Забележувате дека е додадена и буквата М во името, како последица на новиот спонзор кој доажа од Русија-Маруси. Така годинава тимот ќе се натпреварува со Руска лиценца т.е. ако победи ќе се свири Руската химна. Болидот е повторно дизајниран со помош на компјутерската техника, а не во воздушен тунел. Возачите се Тимо Глок и Жером ди Амброзио. Технички директор Ник Вирт очекува голем чекор напред во перформансите, двојно повеќе од минатогодишниот болид.
Џон Бут, Тимскиот шеф на Вирџин, изјави:
"2011 има за цел да се движиме напред и да почнеме да постигнуваме солидни резултати. Ние имаме многу возбудлива возачка двојка со Тимо Глок и Жером ди Амброзио. Тимо направи исклучителна работа во тешки околности минатата сезона и придонесе во голема мера за развој на нашиот тим. Ние, секако, ќе имаме корист од континуитет што го носи Тимо. МВР-02 е јасен чекор напред во секоја област и им заблагодарувам на сите за напорната работа во текот на изминатите 12 месеци. Ние сме среќни што повторно соработуваме со нашиот снабдувач на мотори, Cosworth. Тие и покрај замрзнувањето на развојот на моторите, работеа напорно на издржливоста и ефикасноста во текот на зимата. Годинава имаме и нов предизвик, а тоа е новиот снабдувач на гуми, ПИРЕЛИ, но имаме направено добар напредок во дизајнот на нашиот болид за да се прилагоди на новите "PZero". Општо земено, имаме причина да веруваме дека 2011 ќе биде многу возбудлива и сo позитивно искуство за нашиот тим."
Tags
Share to other apps