Прв од Ф1 тимовите кој го откри својот адут за оваа сезона беше Шампионскиот тим на Ред Бул. Болидот има ознака RB7, и претставува еволуција на доминантниот болид од минатата сезона, освојувач на титулата Светски Шампион. Првите слики беа објавени на официјалниот сајт на тимот, кратко време пред да биде одржана прес конференцијата во боксовите во Валенсија, кога беше откриен болидот од страна на Ветел и Марк Вебер. Слики од новиот болид на Ред Бул, како и од другите денес презентирани болиди можете да видите ако кликнете на ГАЛЕРИИ(Наскоро).
Друг тим кој денес имаше промоција, е тимот на Вилијамс. Болидот на овој тим е со ознака FW33 и има сопствен КЕРС-систем. Беше обоен во привремени бои, па затоа немаше класична презентација, туку пуштија неколку слики на својот болид, компјутерски изработени, и веднаш почнаа со тестирање. "Ние сме оптимисти. Сметаме дека ова е добар болид", изјави техничкиот директор Сем Мајкл.
Трет болид кој го видовме денес е новиот Мерцедес W02, обоен во доминантно сребрена боја и видливо поразличен минатогодишниот болид. "Новата Сребрената стрела има малку заедничко со неговиот непосреден претходник", потврди Норберт Хауг, осврнувајќи се на новиот болид.
Последниот болид промовиран денес беше STR6, пуленот на Торо Росо за оваа сезона.
ДЕНЕС ВО ВАЛЕНСИЈА БЕА ПРЕЗЕНТИРАНИ УШТЕ 4 БОЛИДИ
2/01/2011 07:28:00 PM
0
Tags
Share to other apps