Ќе го биде или не, се прашува Батон!
Вчера од тимот на Мекларен одржаа невоообичаена презентација на својот болид во Берлин. Различни делови од болидот, еден по еден, беа донесенувани од членовите на тимот, за да дел по дел се состави целиот болид. Најиновативната презентација оваа сезона, мислам дека тоа го изведоа на еден уникатен и интересен начин за гледање на истата. Од Мекларен донесоа иновации и од техничка гледна точка. Како и секој сериозен тим, ќе располагаат со КЕРС-системот и подвижно задно крило. MП4-26 има необична форма на страничните отвори за ладење на моторот во форман на буквата У. Дизајн кој од страна на инженерите на Мекларен е направен за поефикасно да се насочи воздухот кон задниот дел на болидот.
Мартин Витмарш, изјави: "Мислам дека ние секогаш сме биле иновативен тим, тоа покажува колкав ентузијазам владее во рамките на Водафон Мекларен. Сакаме да го претставиме овој спорт на пошироката јавност, да им покажеме дека нашиот спорт е интензивен и возбудлив и дека ние сме многу заинтересирани да ја покажеме Формула 1 пошироко во светот ."
Мекларен ќе го има своето деби на патеките во вторник на патеката Idiada Proving Ground во Шпанија, а потоа се сели на тест сесијата во Херез, два дена подоцна. (HD Слики)