Ветел со стил ја започна новата сезона
Светскиот шампион Себастијан Ветел постави најбрзо време на првиот ден на Ф1 тест сесиите во Валенсија. Тимовите посветија внимание на тоа како новите уреди на болидите ќе работат, особено подвижното задно крило. Нико Розберг беше еден од возачите, но тој успеа да извози само девет круга. Хидрауликата не издржа на неговиот болид.
"Го испробав подвижното задно крило и мислам дека ќе треба време да се навикнеме на него", изјави Розберг. "Го притиснав копчето, задното крило се спушти и одеднаш почуствував како болидот да стана полесен. Потоа го ослободувате копчето пред кочењето и не се чуствува дека задното крило се вратило во првобитната позиција. Значи Да, ќе биде потребно извесно време да се навикнеме на ова. "
Уште еден интересен момент од денешната тест сесија е издувниот систем на Лотус-Рено, кој е иновативен и излегува од каросеријата во близина на подот. Според аналитичарите тоа има за цел подобрување на ефектот на дифузорот. Рено не одговараше на прашања во врска со својата најнова иновација.
Додека оние тимови кои беа со ланските болиди во голема мера поминаа без проблеми, конкуренцијата која настапи со новите болиди имаше неколку почетнички проблеми. Како што кажавме Нико Розберг извозе само 9 круга, а подоцна Михаел Шумахер со поправениот болид, подоцна во попладневните часови успеа да заврши 15 кругови. Најдоброто време на Шумахер беше 1:16.450, a на Розберг беше 1:19.930.
Проблеми имаше и Фернандо Алонсо, кога при крајот на сесијата неговиот Ф150 застана на патеката. Тимот на Вилијамс имаше проблеми со КЕРС-от.
П. Возач Тим Време Разлика Кругови
1. Sebastian Vettel Red Bull-Renault* 1m13.769s 93
2. Nico Hulkenberg Force India-Mercedes 1m13.938s + 0.169s 71
3. Gary Paffett McLaren-Mercedes 1m14.292s + 0.523s 91
4. Paul di Resta Force India-Mercedes 1m14.461s + 0.692s 28
5. Fernando Alonso Ferrari* 1m14.553s + 0.784s 97
6. Kamui Kobayashi Sauber-Ferrari* 1m15.621s + 1.852s 68
7. Jerome D'Ambrosio Virgin-Cosworth 1m16.003s + 2.234s 71
8. Vitaly Petrov Renault* 1m16.351s + 2.582s 28
9. Michael Schumacher Mercedes* 1m16.450s + 2.681s 15
10. Jaime Alguersuari Toro Rosso-Ferrari* 1m17.214s + 3.445s 19
11. Rubens Barrichello Williams-Cosworth* 1m17.335s + 3.566s 77
12. Narain Karthikeyan HRT-Cosworth 1m18.020s + 4.251s 45
13. Nico Rosberg Mercedes* 1m19.930s + 6.161s 9
* Тимови со нови болиди