РОБЕРТ КУБИЦА ПОВРЕДЕН ВО РЕЛИ ИНЦИДЕНТ
2/06/2011 02:25:00 PM
0
Роберт Кубица беше однесен во болница со хеликоптер по несреќата во текот на Релито Андора во Италија, денес изутрина. Иако неговите повреди се верува дека не се опасни по живот, постојат конфликтни извештаи, но заедничко за сите е што се спомнуваат скршеници на раката и ногата. Од Рено соопштија дека нивниот возач доживеал несреќа, однесен е во болница на медицински прегледи и кога ќе дознаат нешто повеќе за неговата сосотојба ќе излезат со официјално соопштение.
На релито Андора, тој возел Шкода Фабија во категорија Супер2000, кога неговиот автомобил излетал од патот при голема брзина и удрил во заштитна ограда. Неговиот совозач, Јакуб Гербер, излегол веднаш и останал неповреден, но Кубица останал внатре.
"Сите знаеме дека животот на Роберт не е во опасност ", изјавил еден од докторите за германска новинска агенција. "Сепак, тој има многу тешки повреди на левата рака и левата нога, но не знаеме нешто повеќе за тоа."
Кубица е голем ентузијаст кога се во прашање рели трките, и има учествувано на неколку натпревари во минатото. Ова било негово прво рели за оваа година. Се верува дека неговиот договор со Рено вклучува клаузула што му овозможува да настапува на овие настани.
Уште едно официјално соопштение од Лотус-Рено:
По изведените обемни лекарски прегледи ова утро, на Роберт Кубица му беа дијагностицирани повеќекратни фрактури на десната шака, рака и нога. Тој во моментов е во операциона сала во болницата Санта Корона, во градчето Pietra Ligure, Италија. Даниел Морели, менаџерот на Роберт, ќе биде достапен за да одговори на поставените прашања на предната страна од болницата во 16:30 сет.
Сериозноста на повредите на неговата рака ќе го одложат завршетокот на операцијата до 21 часот.
UPDATE 17:30 CET:
Изјава од болницата и менаџерот на Кубица:
Операцијата се уште е во тек, внатрешно крварење е успешно санирано, а за ампутација на десната рака неможе да стане збор благодарение на д-р Росело. Докторите се обидуваат да ја вратат функционалноста на раката. Операцијата нема да заврши до вечер, кога ќе имате повеќе прецизни информации.
Автомобилот, Шкода Фабија Супер 2000, е запленет за понатамошна истрага. Се обидува да се разбере дали несреќате се случила поради механички дефекти на истиот. Следуваат правовремени и проверени вести за понатамошен развој на ситуацијата со Роберт Кубица.
Tags
Share to other apps