ЗА КУБИЦА СЕЗОНАТА Е ЗАВРШЕНА !?!
2/06/2011 10:27:00 PM
0
"Mора да се чека најмалку една недела да видиме дали неговата рака ќе преживее." Ова е првиот коментар на професорот Игор Росело по операцијата на Роберт Кубица во болницата Санта Корона. Во најдобар случај, 26-годишниот полски возач на Лотус Рено повторно ќе ја користи својата десна рака за една година. Раката му била пресечена на две места, и само поради екстремните напори на медицинскиот персонал ампутацијата била избегната. Била успешно спроведена деликатна операција за реконструкција на коските, возобновување на крвотокот и поврзување на ткивото.
Операцијата траела повеќе од седум часа, изведена е од страна на тимот на професорот Росело, специјалист по хирургија во медицинскиот центарот San Paolo di Savona. Во операционата сала бил и д-р Рикардо Цецарели, тимскиот доктор на Лотус-Рено и Кубица. Полскиот возач ќе остане во болница релативно долго време, а прогнозата за користење на десната рака останува резервирана за една недела. Во наредните денови лекарите ќе проценат како закрепнува неговата рака.
"Неговата рака има оштетување на нервите, кои не оставаат можност да потврдиме нешта околу функционалното закрепнување на истата", вели професор Росело. "Процесот на рехабилитација ќе биде релативно долг, веројатно една година. Доколку е потребно раката повторно ќе биде оперирана за да се направат корекции. Но, текот на операцијата зависи од многу фактори."
Во вечерните часови, исто така, дојде и Фернандо Алонсо да ја дознае состојбата на неговиот пријател Кубица.
Tags
Share to other apps