ДАЛИ РЕД БУЛ И ОВАА СЕЗОНА ЌЕ Е НАЈБРЗИОТ ТИМ
1 ДЕН
_________________________________________________________________________
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 1:20.709
2. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР 1:21.483 + 0.774
3. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 1:21.522 + 0.813
4. ДАНИЕЛ РИКАРДО ТОРО РОСО 1:21.755 + 1.046
5. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1:21.914 + 1.205
6. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО 1:22.689 + 1.980
7. АДРИАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА 1:23.472 + 2.763
8. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ ЛОТУС-РЕНО 1:23.504 + 2.795
9. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС 1:23.963 + 3.254
10. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС 1:24.458 + 3.749
11. ТИМО ГЛОК ВИРЏИН 1:25.086 + 4.377
12. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:34.968 + 14.259
2 ДЕН
_________________________________________________________________________
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС 1:20.352
2. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 1:20.413 + 0.061
3. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1:21.009 + 0.657
4. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО 1:21.214 + 0.862
5. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 1:21.613 + 1.261
6. АДРИАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА 1:21.780 + 1.428
7. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР 1:21.857 + 1.505
8. ТИМО ГЛОК ВИРЏИН 1:22.208 + 1.856
9. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ ЛОТУС-РЕНО 1:22.493 + 2.141
10. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:22.591 + 2.239
11. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС 1:23.216 + 2.864
3 ДЕН
_________________________________________________________________________
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА4 ДЕН
1. НИК ХАЈДФЕЛД ЛОТУС-РЕНО 1:20.361
2. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 1:20.493 + 0.132
3. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП 1:21.054 + 0.693
4. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1:21.099 + 0.738
5. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 1:21.242 + 0.881
6. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1:21.574 + 1.213
7. СЕБАСТИЈАН БУЕМИ ТОРО РОСО 1:21.681 + 1.320
8. ХЕЈКИ КОВАЛАИНЕН ЛОТУС 1:21.711 + 1.350
9. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС 1:22.227 + 1.866
10. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 1:22.945 + 2.584
11. ЖЕРОМ ДИ АМБРОЗИО ВИРЏИН 1:25.471 + 5.110
_________________________________________________________________________
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС 1:19.832
2. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 1:20.601 + 0.769
3. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 1:21.074 + 1.242
4. СЕБАСТИЈАН БУЕМИ ТОРО РОСО 1:21.213 + 1.381
5. БРУНО СЕНА ЛОТУС-РЕНО 1:21.400 + 1.568
6. ХЕЈКИ КОВАЛАИНЕН ЛОТУС 1:21.632 + 1.800
7. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1:22.103 + 2.271
8. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1:22.222 + 2.390
9. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1:22.278 + 2.446
10. ЖЕРОМ ДИ АМБРОЗИО ВИРЏИН 1:22.985 + 3.153
11. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 1:23.111 + 3.279
Времињата ги имаме пред нас, но што можеме да заклучиме од нив? Во моментов Ф1 фановите ги интересира кој е најбрз? Меѓу кои тимови ќе се одвива битката за Титулите во двете конкуренции? Краткиот одговор би бил дека од тестирањата не може да се изведе релевантен заклучок, а посебно не ние кои не сме на лице место и не може да ја почуствуваме акцијата. Повеќето аналитичари во овој спорт се согласни во едно, времињата може да бидат погрешен извор на информации.
На оваа тест сесија има толку многу променливи резултати што може да предизвика збунетост за перформансите до огромен степен. Минатата година воведувањето на забраната за долевање на гориво направи многу потешко да се види формата на тимовите. Оваа година имаме нов снабдувач со гуми, италијанската фирма Пирели, која на тест сесиите им стави на располагање четири типа на гуми, на кои не им ги знаеме перформансите.
Сепак врз основа на досегашните резултати и анализите на присутните релеватни фактори во Херез, ќе донесам некои мои согледувања кои ќе видиме колку ќе се покажат вистинити.
Како најрелевантен дел каде може да се прочита нешто од времињата во Херез се зема првиот секторот од оваа патека, кој се протега од првата до четвртата кривина. Болидот во него влегува со полна брзина од стартно целната рамнина и може да се процени како се однесува во кривините, а од лани знаеме дека болидот што ќе има најголема стабилност, болидот што е цврсто залепен за асфалтот, тоа е оној што е најбрз.
Погодете кој болид го има сето тоа и одскокнува од другите? Тимот што најмногу импресионираше во секторот 1 во Херез, не беше меѓу најбрзите, тоа е повторно болидот на Ред Бул, РБ7. Во споредба со своите конкуренти, болидот на Ред Бул изгледало како да забрзува каде што другите веќе почнувале да кочат. При влегување во кривината 1 со Топ брзина РБ7 се однесувал како да е залепен за афалтот. Болидите на Лотус-Рено и Ферари се најверојатно не премногу далеку зад Биковите, но не изгледале како да се залепени за асфалтот.
Најверојатно Ред Бул, исто така, најдобро го има имплементирано подвижното задно крило, т.е има најбрзо време на реакција на отварање, од моментот кога тоа ќе биде дозволено. Во Херез стартот бил од излезот на кривината 2 па се до кривината 4. На болидот на Ред Бул тоа се отворало веднаш при излегувањето од кривината 2 и останувало отворено низ кривините 3 и 4. Рено не заостанува многу при користењето на оваа новина, додека кај Ферари тоа се отворало кога болидот веќе е на рамнината пред кривините 3 и 4. Тоа се брзи кривини, а на излезот од нив е поставен мерач на брзините. Логично тој што ја има најголемата брзина тука би требало да е во моментов најбрзиот болид во Формула 1.
Само болидите на Ред Бул и Рено можеле постојано низ долгите стинтови да одржуваат брзина од 270км/ч на оваа мерна точка. Ферари не е далеку зад нив, но се забележувало дека нивните возачи имаа повеќе работа при контрола на болидот. Според некои детронизација на Ред Бул ќе претставува тешка задача и оваа сезона.
Во оваа равенка го нема еден од конкурентите за највисок пласман, а тоа е тимот на Мекларен. Имаа просечни времиња, дури може да се каже и загрижувачки дали новиот радикален дизајн на нивниот болид е полн погодок. Повеќе од нив очекуваме на наредната тест сесија во Барселона, 18-21 Фебруари. Имаа мал број обиколки и според нив оваа тест сесија ја искористија за проверка дали сите системи работат како треба. Имаше ведра атмосфера во нивниот тим, а секако тоа беше најсликаниот болид во Херез.
Може да напоменеме дека за време на овие тестови Лотус-Рено ја пронајде замената за Роберт Кубица, а тоа е Ник Хајдфелд. Неговиот настап беше токму она што од Лотус-Рено се надеваа. По утринските "проблеми" во саботата, тој извозе многу продуктивно попладне. Фактот дека тој беше најбрз беше прилично ирелевантно за нив, неговите повратни информации за однесувањето на болидот биле злато вредни за целиот тим, давајќи им насоки за развој. Неговото однесување кога тој зборуваше за медиумите 90 минути по излегувањето од болидот, кажуваше дека се е веќе завршена работа. Сега, најверојатно се чека уште официјална потврда од тимот на Лотус-Рено.
На Михаел Шумахер и Нико Розберг изгледа како да им преостанува многу работа на болидот на Мерцедес до почетокот на сезоната. Најбрзото време постигнато во петокот е дело на супер меките гуми. Останатите времиња се под нивотот на најбрзите тимови, а однесувањето на двајцата возачи не е како на задоволниот Хајдфелд да речеме, нема некоја позитивна атмосфера во тимот на Мерцедес ГП. Шумахер запрашан за перформансите на болидот одговoри: "може да ги протолкувте како сакате". Тука донекаде е во право, вистинскиот редослед најдобро ќе го добиеме на стартот на сезоната во Бахреин
Останатите Ф1 тимови се само да пополнат место и не се некој репер за овој спорт, очекуваме да видиме кој ќе биде "најбрз" од најслабите. Во моментов типувам на Вилијамс, но неискусниот Малдонадо може да биде кобен за нив во битката за што повеќе поени.