ДЕНЕС НОВА И ВЕРОЈАТНО ПОСЛЕДНА ОПЕРАЦИЈА ЗА КУБИЦА
2/16/2011 11:39:00 PM
0
Денес Роберт Кубица беше подложен на операција во болницата Санта Корона, каде што тој престојува од неговата несреќа. Тој имал 8 часовна операција за реконструкција на комплексните фрактури на неговиот лакт.
Лекарите се задоволни од резултатот на операцијата, која завршила успешно ", изјавија од тимот на Рено. Кубица ќе остане на интензивна нега неколку дена за да се опорави од операцијата. Неговиот менаџер, а и самиот Кубица бил задоволен од третманот кој го добива во оваа болница, па решиле рехабилитациониот период го поминат во Италија.
Tags
Share to other apps