Пирели, овогодинешниот снабдувач на Формула 1 со гуми, ги соопшти типовите на гуми за првите четири трки од сезоната 2011. Италијанскиот производител, како основни гуми ќе бидат направени од тврда компонента, додека гумите со меки компоненти ќе бидат дополнителната опција во Бахреин, Австралија, Малезија и Кина.
"Оваа одлука е донесена во согласност со карактеристиките на патеките на Блискиот и Далечниот Исток, кои нудат голем грип и широк спектар на брзини и свиоци, комплетирани со високи температури на воздухот и асфалтот."
"Нашите податоци што ги собравме од двете официјални и приватните тестирања ни покажаа дека нашите гуми со тврди и меки компоненти се најдобар избор од аспект на возачите и на гледачите, па ние со нетрпение ја очекуваме нашата деби Гран При трка во Бахреин."
"Ние имавме добра соработка со тимовите досега, и сега објавените типови на гуми за првите четири трки ќе им помогне во фокусирање на нивниот развој за почетокот на сезоната."
ПИРЕЛИ: ЗА ПРВИТЕ ЧЕТИРИ ТРКИ ГУМИ СО ТВРДА И МЕКА КОМПОНЕНТА
2/16/2011 02:25:00 PM
0
Tags
Share to other apps