ОФИЦИЈАЛЕН ПОЧЕТОК НА Ф1 СЕЗОНАТА, ОДРЖАНИ ПРВИТЕ ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИИ
3/23/2011 11:09:00 PM
1
Започнува циркусот наречен ФОРМУЛА 1. Одржани се првите официјални прес конференции на Австралиското ГП. Некои од учесници беа Фернандо Алонсо, кој зрачеше со оптимизам, Нараин Картикијан, кој мисли дека ХРТ оваа година ќе биде еден чекор напред во споредба со минатата, Виџај Малја, повеќе зборуваше за мината, одколку за оваа сезона, Михаел Шумахер, кој е умерен оптимист, и Тони Фернандез, кој е подготвен да ја добие битката за името на Лотус.
Неколку изјави од учесниците во овој мотоспорт, кои во целост може да ги најдете на официјалниот сајт на Формула 1 (F1.com).
Фернандо Алонсо:
"Јас победив тука во 2006 година и бев на подиумот со уште три екипи, па ајде да се надеваме дека ќе можам да го повторам тоа. Овде, пред десет години, јас за прв пат се вклучив во Формула 1 спортот. Имам поминато 26 од моите 29 години позади воланот, а десет, најдобрите, ги потрошив во оваа категорија. Имам постигнато многу повеќе отколку што се надевав кога бев мал. Сега сакам да продолжам во истото темпо долго време, сакам да бидам дури и подобар во иднина! "
Оптимистички расположен како е секогаш, но како да има доза на оправдување ако не успее во намерите за освојување на Титулата. Негово мото можеби е Не летај многу високо, да не паднеш многу ниско подоцна :)
Нараин Kaртикијан:
"Мојата прва трка во Формула Еден беше тука во Мелбурн во 2005 година, па секогаш е прекрасно чувството да се биде овде. И покрај тоа што немавме можностда го возам новиот болид во Барселона, сигурен сум дека тој е значаен чекор напред во однос на минатата година. Мислам дека Алберт Парк ќе биде одлично место за да започнеме со новиот F111, бидејќи тоа не е многу тешка патека. За еден нов и нетестиран болид како што е нашиот, мислам дека сигурноста е нешто на што ние треба да работиме, пред да може да почнеме да извлекуваме максимум перформанси, па верувам дека ако и двата болида ја завршат трката, ќе имаме задоволувачки викенд. Откако Тони и Јас ќе седнеме зад воланот на нашиот болид во петок ќе имаме подобро разбирање за тоа што да се очекува до крајот на 2011 година."
Чудно е чуството да одиш на прес-конференција, а да не знаеш нешто за својот болид. Аналитичаритње предвидуваат дека додека се научиме да го изговараме неговото име тој ќе биде надвор на ХРТ.
Виџај Малја:
"2010 беше извонредна година за тимот(Форс Индија), собравме 68 поени, бевме на седмото место во шампионатот. Оваа година има уште повеќе работи да се биде оптимист".
Дали тимскиот шеф на Форс Индија го гледал својот тим на тест сесиите?!?
Михаел Шумахер:
"Ние сме добро подготвени. Сите се надеваме дека напорната работа во текот на зимата ќе почне да се исплатува во текот на првите неколку трки, а потоа ќе знаеме повеќе за позицијата во која се наоѓаме, и она што допрва треба да се постигне. Формула Еден никогаш не мирува, се разбира. Се чувствувам како "дома" по помината една година работа заедно и ова искуство навистина беше од корист за нашите подготовки пред стартот на сезоната. "
Многу умерен во своите изјави седумкратниот Ф1 Шампион, дали во Мерцедес ГП навистина немаат поим каде се во моментов?!?
Тони Фернандез:
"Не можам да дочекам да се вратам на трките. Ова е многу важна сезона за Лотус, бидејќи ние веќе не сме дебитанти во овој спорт. Остваривме она што е утврдено во 2010 година, но сега повторно почнуваме со целосно нов болид, но со многу повисоки аспирации. Сега доаѓаме во следна фаза на напорна работа. Да се надеваме на уште една неверојатна приказна за тимот на Лотус "
Се обложувам дека навистина нетрпеливо чека да се врати на трките, по толку многу патувања по судовите. Во текот на конференцијата го спомна името Лотус толку многу пати, што можеби е вистина шпекулацијата дека го губат судскиот спор?!?
Tags
Share to other apps
Imas informacija kade moze da se gledaat prenosi? na TV ne mi se veruva da davaat, ama na Internet mozebi postoi nekoj link....
ReplyDelete