Останува верен на Ред Бул
BBC денес известува дека минатата година Ферари безуспешно се обидел да го земе врвниот дизајнер Adrian Newey, од Ред Бул. Но луѓето од Маранело никогаш не доставиле понуда или нешто слично, бидејќи тој јасно ставил до знаење дека не е заинтересиран.
Се наведува и дека како директен резултат на разговорите, Newey го продолжил својот договор со Ред Бул за уште три години. Наводно, од пред 5 години кога го потпишал договорот со тимот на Ред Бул заработува сума од 10.000.000 $ годишно.
Тоа е првиот човек кој можеше да и одолее на волшебноста на Ферари. Минатата година Ферари "грабна" двајца други врвни луѓе од ривалските тимови, вклучувајќи и еден од Ред Бул, т.е. Нил Мартин, поранешен шеф на стратегијата на Ред Бул, а сега директор на истражувачки активности, како и Пет Фрај, некогаш главниот инженер на Мекларен.