Неочекуван распоред на првите стартни редови?!?
Себастијан Ветел ја освои Пол Позицијата за првата трка од сезоната во Австралија, победувајќи го Луис Хамилтон на второто место со 0,778 секунди. Светскиот шампион, ја освои првата стартна позиција со таква леснотија, што не го допре копчето на неговиот КЕРС во неговиот последен круг. Најголемото изненадување денес е неговиот тимски колега Марк Вебер кој беше речиси секунда побавен и ќе ја почне трката од вториот стартен ред.
Луис Хамилтон успеа да им ја ускрати радоста на 1-2 стартен ред на Ред Бул и неговиот Мекларен во последните моменти од квалификациите ја превзеде втората стартна позиција, потиснувајќи го Марк Вебер на третата позиција. Џенсон Батон заврши на четвртата позиција, пред Фернандо Алонсо на 5-тото место како најдобро пласиран болид на Ферари. Неговиот тимски колега Фелипе Маса беше само осми по проблематичната сесија за него, не можеше никако да го "залепи" болидот за асфалтот. Најверојатно Ферари има старо-нови проблеми со бавното загревање на гумите, па фановите на Ферари треба да очекуваат тие да бидат многу побрзи во трката, кога има повеќе време за загревање на гумите.
Виталиј Петров одличен на шестата позиција за Лотус-Рено, додека препородот на Мерцедес не беше толку драматичен како на финалната тест сесија во Барселона. Нико Розберг беше седми, а Михаел Шумахер пропушти да влезе во Q3 за неверојатни 0.089с. Се очекуваше многу повеќе од седумкратниот Светски Шампион.
Проблематични квалификации за Баричело, ја допре тревата под сопирање при кривината 3 и го заглави болидот во чакалот покрај патеката, и тоа пред да забележи време во Q2. Едно од денешните разочарувања беше и Ник Хајдфелд кој имаше многу слаб старт на новата сезона, на која толку многу и се радуваше. Тој не можеше да го однесе својот Лотус-Рено до Q2, па ќе стартува дури од 18 позиција.
Минатогодишните нови екипи во натпреварувачки услови не успеаа да покажат каков било напредок, а изненадување е Лотус, кој имаше добри резултати на тестирањата. Го победија тимот на Вирџин, чии болиди барем беа доволно брзи да извозат време во рамките на правилото 107 проценти. За разика од нив ХРТ заврши надвор од тоа правило, што значи Антонио Лиуци и Нараин Картикијан ќе мора да се потпрат на добрата волја на ФИА и другите тимови ако сакаат да им биде дозволено да ја започнат трката. Но, тоа е малку веројатно да се случи. Тимот заврши само неколку круга во слободните тренинзи, околу 11 круга што никогаш не се случило во историјата на Формула 1.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА 1. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1:23.529 2. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1:24.307 + 0.778 3. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 1:24.395 + 0.866 4. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1:24.779 + 1.250 5. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 1:24.974 + 1.445 6. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ ЛОТУС-РЕНО 1:25.247 + 1.718 7. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1:25.421 + 1.892 8. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 1:25.599 + 2.070 9. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 1:25.626 + 2.097 10. СЕБАСТИЈАН БУЕМИ ТОРО РОСО 1:27.066 + 3.537 Q2 11. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП 1:25.971 12. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО 1:26.103 13. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР 1:26.108 14. ПОЛ ди РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 1:26.739 15. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:26.768 16. АДРИАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА 1:31.407 17. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС Q3 18. НИК ХАЈДФЕЛД ЛОТУС-РЕНО 1:27.239 19. ХЕЈКИ КОВАЛАИНЕН ЛОТУС 1:29.254 20. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС 1:29.342 21. ТИМО ГЛОК ВИРЏИН 1:29.858 22. ЖЕРОМ ди АМБРОЗИО ВИРЏИН 1:30.822 23. ВИТАНТОНИ ЛИУЦИ ХРТ 1:32.978 24. НАРАИН КАРТИКИЈАН ХРТ 1:34.293 107% време: 1:31.266