Светскиот Шампион недопирлив
Светскиот шампион Себастијан Ветел ја започна сезоната на најдобар мопжен начин на него, со лесна Победа. Тој ја контролираше трката во нејзиниот старт до финишот. Очекувавме Ред Бул да се брзи, а Германецот го покажа тоа на најдобриот можен начин, но сепак затаи неговиот тимски колега Марк Вебер, кој на изненадување на сите не беше толку брз. Која е причината за тоа ја знаат само во тимот на Ред Бул. Кристијан Хорнер изјави дека Ред Бул го немале КЕРС-системот во Квалификациите и Трката, поради тоа што сметале дека е недоволно сигурен. Марк Вебер можеби ја избра погрешната стратегија денес со три запирања во бокс, додека Себастијан Ветел добитната со само две застанувања. Сите возачи со пласман на подиумот имаа две застанувања во бокс.
Втората позиција, за Луис Хамилтон и Мекларен, е најголемото изненадување. Ретко кој очекуваше дека тие ќе имаат пласман на подиумот по зимските тест-сесии. Џенсон Батон загуби позиции на стартот, а потоа во борбата со Маса направи глупава грешка поминувајќи го на недозволен начин, не му ја врати позицијата веднаш, а од Мекларен му рекоа да почека додека зборуваат со ФИА, но во тоа време Алонсо го помина Маса, а малку подоцна Маса влезе во бокс и за стјуардите не остана ништо друго освен да го казнат Џенсон Батон со поминување низ бокс. Со тоа трката на Британецот беше уништена, и на крајот може да биде задоволен со шестото место. Двата болиди на Мекларен беа со две застанувања во бокс. Во трката механичарите на Хамилтон му кажаа дека му е оштетен предниот дел на подот на болидот и можеби тоа му пречеше да се доближи поблиску до Ветел.
Изненадувањето на денот исто така е и Виталиј Петров, кој го забележа својот прв пласман на Подиумот. Очекувано од Лотус-Рено, но повеќе од Ник Хајдфелд отколку од Русинот. Хајдфелд стартуваше од 18-тата позиција и заврши на 14-то место. Што ќе беше ако денес болидот на Лотус-Рено го возеше Роберт Кубица.
Фернандо Алонсо стартуваше 5-ти и заврши 4-ти. Шпанецот имаше слаб старт, за момент излезе надвор од патеката и заврши зад тимскиот колега, место кое подоцна го врати при инцидентот на Маса со Батон. На моменти Ферарите изгледаа многу брзи, но само на моменти и ништо повеќе. Причината можеби се гумите на Пирели, кои на оваа трка им донесоа многу проблеми. На крајот на трката тие го имаа најбрзиот круг со Маса, но тоа не носи поени :). Повторно ја имаа губитничката тактика со три запирања во бокс, а Маса заврши на деветтата позиција. Со дисквалификацијата на болидите на Заубер, доби две места.
Импресивно трка на Заубер. Само едно застанување во бокс за Серџо Перез и седмата позиција за него. Едно место зад него беше неговиот тимски колега Камуи Кобајаши. Се пропадна во вода кога стјуардите на крајот на трката пронајдоа дека задното крило на болидите на Заубер не е во согласност со прописите. Па така двата нивни болиди се дисквалификувани.
Мерцедес ГП денес имаа многу лоша трка. Прво контакт на Шумахер со Алгерсуари што го оштети подот на болидот на седумкратниот светски шампион, што беше причина подоцна да се откаже од трката. Нико Розберг, тимскиот колега на Шуми, ја имаше истата судбина. Рубенс Баричело при еден дуел на патеката го удри Нико Розберг, и присилно го принуди и другиот Германец да ја заврши трката предвреме. Лош старт за Мерцедес, но повеќе не по нивна вина. Уште еден тим кој треба да жали денес е Вилијамс. Премногу грешки овој викенд од Рубенс Баричело, и на крајот ниту еден болид во поени.
Новите правила оваа сезона не се покажаа во најдобро светло. Немаше многу повеќе претекнувања поради Подвижното задно крило, најзабележително беше поминувањето на Маса од страна на Батон со негова помош, дава забрзување, но можеби местото на кое беше дозволено не беше погодено како треба, а што се однесува до КЕРС-от, победи болидот што го нема, па се поставува прашање зошто се вложуваат толку пари во него, а тој прави многу проблеми во балансот на болидот.
ГОЛЕМА НАГРАДА НА АВСТРАЛИЈА
АЛБЕРТ ПАРК, МЕЛБУРН, Австралија;
58 круга; 307.574kм;
Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1ч29:30.259
2. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН +22.297
3. ВАЛЕРИЈ ПЕТРОВ ЛОТУС-РЕНО +30.560
4. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ +31.772
5. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ +38.171
6. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН +54.300
/. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР +1:05.800ДКФ*
/. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР +1:16.800ДКФ
7. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ +1:25.100
8. СЕБАСТИЈАН БУЕМИ ТОРО РОСО +1КРУГ
9. АДРИАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА +1КРУГ
10. ПОЛ ди РЕСТА ФОРС ИНДИЈА +1КРУГ
11. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО +1КРУГ
12. НИК ХАЈДФЕЛД ЛОТУС-РЕНО +1КРУГ
13. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС +2КРУГА
14. ЖЕРОМ ди АМБРОЗИО ВИРЏИН +3КРУГА
*Дисквалификуван
НАЈБРЗ КРУГ: ФЕЛИПЕ МАСА, 1:28.947
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ ПРИ КРУГ
ТИМО ГЛОК ВИРЏИН 50
РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС 49
НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС гп 22
ХЕЈКИ КОВАЛАИНЕН ЛОТУС 19
МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП 19
ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 10
АНТОНИО ЛИУЗИ ХРТ 0
НАРАИН КАТРИКИЈАН ХРТ 0
ПОСЛЕ ПРВАТА ТРКА:
ВОЗАЧИ: КОНСТРУКТОРИ:
1. ВЕТЕЛ 25 1. РЕД БУЛ 35
2. ХАМИЛТОН 18 2. МЕКЛАРЕН 26
3. ПЕТРОВ 15 3. ФЕРАРИ 18
4. АЛОНСО 12 4. ЛОТУС-РЕНО 15
5. ВЕБЕР 10 5. ТОРО РОСО 4
6. БАТОН 8 6. ФОРС ИНДИЈА 3
7. МАСА 6
8. БУЕМИ 4
9. СУТИЛ 2
10. ДИ РЕСТА 1