Ова ќе биде 27-ма по ред Голема Награда на Австралија. Првата трка беше во далечната 1985 година во Аделаида. Единаесет пати од петнаесет трки во Мелбурн, вклучувајќи ги и последните две трки, освојувачот на Пол Позицијата е Победник на трката. Од овие 11 случаи, возачот на Пол Позицијата ја освоил Титулата во возачи осум пати. Алберт парк е една од најпознатите и популарни Ф1 места. Изградена е околу вештачко езеро и користи јавни патишта. Престигнувањето е најлесно при првата и третата кривина, но не и прелесно. Постојат многу места каде возачите би направиле грешки. Просторите за излетување се со чакал, наместо асфалт или бетон што ги прави многу опасни, ако некој заглави во нив тоа ќе биде и крај на трката за него. Пирели донесе 1.800 гуми за првата трка.
ВОЗАЧИ:
• Себастијан Ветел секогаш се квалификувал во топ 10 во Мелбурн, лани ја имаше Пол Позицијата, и тој секогаш го победувал тимскиот колега на квалификациите. Но од друга страна тој никогаш не го завршил Австралиското ГП. Во 2009 година тој се судри со Роберт Кубица, а минатата година трката не ја заврши поради проблем со тркалото кога беше водечки. Фетел победи на последните две Ф1 трки (Бразил и Абу Даби), но никогаш нема три победи по ред во неговата кариера.
• Марк Вебер својот најдобар резултат од девет трки го има уште од времето кога возеше за Минарди во 2002 година, кога тој заврши петти. Минатата година беше само деветти, и покрај постиогнувањето на најбрзиот круг во трката и стартувајќи од првиот ред. Во последните три изданија бил победен во Квалификациите од страна на неговиот тимски колега.
• Џенсон Батон е Победник на последните две трки во Австралија. Тој е првиот возач што победил на две последователни трки по Михаел Шумахер кој Победи три трки по ред од 2000-2002. Се прашуваме дали ќе се изедначи со Германецот. Џенсон има освоено две Пол Позиции, во 2006 и 2009 година, и го победил неговиот тимски колега шест пати од седум последни трки. Дали и сега ќе биде поуспешен ќе видиме. Типувам со ДА.
• Луис Хамилтон беше трет но својата прва Гран При трка во Австралија(2007) и Победник во следната трка (2008). Единствениот пат кога тој не освоил поени во Мелбурн беше кога беше дисквалификуван во 2009 година. Тој се квалификуваше на Пол Позицијата во 2008 и тој е победен од страна на неговиот тимски колега во квалификациите три пати од четири настапи во Мелбурн.
• Фернандо Алонсо секогаш освојувал поени во Австралија, освен во својата дебитантска година со Минарди, пред 10 години. Тој беше на подиумот 2004-2007 и Победник во 2006 година. Фернандо никогаш не стартувал од Пол Позиција во Мелбурн, но тој има скор од 7-2 со тимските колеги на квалификациите овде, бил победен само од Џанкарло Физикела во 2005 и 2006 година.
• Фелипе Маса својот први позначаен резултат во Мелбурн го има во 2010 година, кога заврши на третото место. Пред тоа тој имаше две несреќи, две откажувања поради моторот и едно откажување поради амортизацијата. Во квалификациите, секогаш билво првите 10, освен 2007 година, кога поради механички проблеми беше 21. Тој никогаш не бил во водство во Австралија.
• Михаел Шумахер е најуспешниот возач во Австралија, постигнувајќи четири Победи во пет години од 2000-2004. Никој друг не бил во можност да победи повеќе од двапати овде. Но, до 1999 година, Австралија како да била проколната за Михаел Шумахер: две втори места и шест откажувања. Тој речиси секогаш стартувал од топ 10, освен во 2005 година, кога имаше проблеми на дождот. Тој беше 10-ти минатата година.
• Нико Розберг својот надобар резултат го има со третото место во 2008 година. Освојува поени во изминатите четири посети на Мелбурн и стартуваше од Топ 10 во последните три.
• Ник Хајдфелд во последните осум негови настапи во Мелбурн, има четири откажувања по ред, 2002-2005. Неговиот најдобар резултат е второто место во 2008 година кога тој беше тимски колега на Роберт Кубица, возачот што сега го заменува во Рено.
• Рубенс Баричело најдобриот резултат го има со четири втори места во трка. Тој беше на Пол Позицијата во 2002 година, но неговата трка заврши веќе во првиот свиок, кога тој беше удрен од Ралф Шумахер.
• Јарно Трули е можеби најнесреќниот возач на Австралиското ГП, бидејќи тој не завршил осум трки од 14 стартувани, пет пати поради механички дефекти. Тој беше трет во трката во 2009 година, а при тоа трката ја започна од боксовите.
• Пастор Малдонадо ќе биде трет возач на Венецуела што ќе стартува Ф1 трка по Еторе Чимери (само една трка во 1960) и Џони Цецото (1983-1984).
• Серџо Перез ќе биде петтиот Мексикански возач во Ф1.
• Камуи Кобајаши иако не е дебитант има најмалку тркачко искуство на овој Гран При, бидејќи имаше судир во текот на првиот круг на минатогодишната трка со Нико Хулкенберг и Себастијан Буеми.
ТИМОВИ
• Мекларен е најуспешниот тим во Австралија со 10 победи, подеднакво поделени помеѓу патеките во Аделаида и Мелбурн. Лош резултат имаше само во 2009 година, кога Хамилтон беше дисквалификуван, а Ковалаинен имаше судир. Тимот победи во 2008 и 2010 година, а заврши на второ место во 2006 и 2007 година.
• Ред Бул лани имаше пресвртница во настапите во Австралија, за прв пат во својата историја ги освои двете позиции од првиот стартен ред. Но, Ред Бул никогаш не имал пласман на подиумот во Мелбурн, дури и во неговите претходни инкарнации, како Јагуар или Стјуарт. Нивниот најдобар резултат останува четвртото место на Дејвид Култхард во 2005 година.
• Ферари последно време нема добри резултати во Мелбурн. Во изминатите три трки тимот има само еден пласман на подиумот со Фелипе Маса на третото место минатата година.
• Вилијамс последен пат Победи во Австралија во 1996 со Дејмон Хил. Оттогаш тимот има постигнато шест пласмани на подиумот, последен пат со Нико Розберг во 2008 година.
• Рено последен пат има Победено тука со Алонсо во 2006 година, и оттогаш негов најдобар резултат е второто место на Роберт Кубица во 2010 година.
• Форс Индија минатата година го имаше својот најдобар пласман во Австралија со седмата позиција на Витантони Лиуци.
• Торо Росо ќе се трка со цел да го подобри својот претходен највисок резултат седмото место, постигнато во 2008 и 2009 година. Тимот бил во Топ 10 на квалификациите на патеката во Мелбурн само еднаш, со Ветел во 2008 година.
• Заубер не освоил поени во Мелбурн од Ник Хајдфелд со второто место во 2008 година.
2011 АВСТРАЛИЈА ГП: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР
3/25/2011 07:36:00 PM
0
Tags
Share to other apps