Ферари немаше успешна трка минатата година, дали историјата ќе се повтори?
Следната трка за викендов што ни доаѓа е Малезија ГП. Досега имаме напишано многу анализи, коментари за моменталната состојба во Формула 1. Сега очекуваме одговор на логични прашања како:
Кој ќе ја освои Пол Позицијата?
Кој ќе победи и кој ќе ги освои другите две места на подиумот?
Дали Ред Бул може да го задржи својата доминација, барем со болидот на Себастијан Ветел :)
Мекларен добро се покажа во Австралија. Дали тоа беше само за една трка?
На кој начин ќе се однесува Ферари? Дали Австралија беше само лоша среќа или чекор назад во перформансите? Ќе биде интересно како ќе реагираат од Италијанскиот тим?
Што се случи со Мерцедес ГП? Најважно, дали тие разбраа каде е нивниот проблем?
Дали пласманот на Рено е чиста среќа, одбрана добра тактика. Дали Ник Хајдфелд го заслужи местото во Рено, дали Виталиј Петров ќе има повеќе од еден пласман на подиумот?
Пласман на средината?
Дали ХРТ ќе успеат да се изборат за стартот на Трката?
ВАШЕ РАЗМИСЛУВАЊЕ ЗА ТРКАТА ВО МАЛЕЗИЈА?