GRAN PREMIO D'ITALIA (Autodromo Nazionale Monza)
3/05/2011 08:54:00 PM
Кога е изградена патеката?
Изградена за само 110 дена во 1922 година, Монца беше третата изградена патека во светот, веднаш по Бруклендс во Велика Британија и Индијанаполис во САД. Како и тие две патеки, оригиналната патека имаше застрашувачки закосени свиоци, како и голем дел на правци кои што се користат и денес.
- Кога беше првата трка?
Монца ги отвори вратите на 3 Септември 1922 година, само една недела пред да биде домаќин на Италијанското Гран При за таа година. Патеката беше дел од оригиналниот календар во Формула 1 во 1950 година и оттогаш секоја година се одржува Италијанското Гран При.
- Каква е патеката?
БРЗА! Најбрзиот круг во Формула 1 беше извозен во Монца од страна на возачот на Вилијамс, Хуан Пабло Монтоја со просечна брзина од 260.6 км/ч за време на тренинг сесиите во 2004 година. Тоа треба да ви даде добра идеја за природата на патеката што локалните жители ја нарекуваат "La Pista Magica".
Болидите во 80% од кругот се со полн гас и ја достигнуваат максималната брзина на стартно/целниот правец, долг 1.1 километар. Оттаму, тие се префрлаат во историскиот дело на паркот, каде што серијата од големи оптоварувања на сопирачките за влез во тесните шикани, што ја тестира нивната издржливост.
Share to other apps