ФОРМУЛА 1 Е ВИСОКО ПРОФИТАБИЛЕН БИЗНИС
4/06/2011 01:04:00 PM
0
Најважното нешто во Формула 1 спортот. Деновиве FOA(Formula one administration) го објави годишниот извештај за 2010 година од кој се гледа дека Ф1 тимовите заработиле 658 милиони долари. Во услови на светска криза ова е фасцинантно зголемување во споредба со заработените 544 мил. долари во 2009 година. Се наведува дека тоа е резултат на двете нови трки во Канада и Кореја како и фактот дека во 2010 имаше 12 тимови на патеката.
Почнувајќи од јануари 2011 FOA Ltd ги пренесе комерцијалните права на друга компанија, Formula One World Championship(FOWC) Ltd. Оваа сезона претставува почетокот на 100-годишната концесија на комерцијалните права што Берни Еклстоун ја потпиша со ФИА во име на SLEC холдинг во април 2001 година.
Сите комерцијални договори направени со FOA се префрлени на FOWC, а оваа фирма ги презеде и комерцијалните права на овој спорт, застапувани од FOM(Formula one management). FOM овозможуваше бизнис услуги на управување со FOA вклучувајќи го и обезбедувањето на техничка поддршка и ТВ преноси, во вредност од 70 милиони долари во 2010 година. Сега ќе продолжи да ја работи истата работа за FOWC.
Еден интересен детал покажува дека најслаба алка во овој комплициран синџир на правење пари е трката во Турција за која FOA отпишала 11.1м. долари е продадена на FOWC за цена од 1 долар.
Tags
Share to other apps