PAT FRY: ФЕРАРИ ИМА ПОТРЕБА ОД БРЗИНА ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ
4/05/2011 02:44:00 PM
0
Од Ферари изјавија дека се фокусираат на подобрување на нивните перформанси во еден круг по разочарувачкиот почеток на сезоната во Австралија. Заменик техничкиот директор на тимот, Пет Фрај вели:
"По првата трка во Австралија, поминавме многу време анализирајќи ги сите податоци добиени во Мелбурн. Факт е дека нашите перформанси во трката беа дефинитивно подобри од перформансите во квалификациите. Голем дел од тоа се сведува на тоа како нашиот болид ги користи своите гуми, па затоа голем дел од времето се фокусиравме на подобрување на перформансите при наш настап во Квалификациите".
"Покрај тоа, анализиравме и друг важен фактор, аеродинамиката, да се види во кои области можеме да отклучиме повеќе од потенцијалот на болидот. Резултатите од сите овие анализи ни дадоа добра основа за тест програмата која ќе ја спроведеме во Малезија. Веќе постојат работи што планираме да ги промениме и подобриме за Малезија. Овие измени ќе бидат додадени веќе во и така пребукираната тест програмата заедно со уште неколку аеродинамички надградби кои беа планирани за оваа трка. Исто така ќе додадеме уште три или четири нови делови за тестирање во неколкуте дена меѓу трките во Малезија и Кина. Тоа е случај на постојан развој во текот на сезоната. "
Tags
Share to other apps